ДЕЛУМНА ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ ВО ШУМА

Поради донесената  делумна забрана за движење во шума (од 15 јули до 15 август 2017 г.),

за престој во НП Пелистер потребно е да побарате дозвола за движење.

Истата можете да ја подигнете во дирекцијата на НП Пелистер на ул. Виенска бр. 14 (секој работен ден од 7 -15 часот), или да ја побарате преку нашата e-mail  адреса:  np.pelister@yahoo.com,   при што треба да ги доставите следните податоци за вас:

–          име  и презиме,

–           број на лична карта или пасош,

–          адреса на живеење,

–          земја од која доаѓате (за странски државјани),

–          кој денови ќе престојувате во НП Пелистер