Моментални Активности

Јануари – ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊА ВО НП ПЕЛИСТЕР

ПОЧИТУВАНИ,

ОВДЕ МОЖЕТЕ ДА ГИ НАЈДЕТЕ ПРЕЦИЗНО

ПОЗИЦИИТЕ ЗА КОИ МОЖЕТЕ ДА КОНКУРИРАТЕ.

 

Јули – ДЕЛУМНА ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ ВО ШУМА

ДЕЛУМНА ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ ВО ШУМА

Поради донесената  делумна забрана за движење во шума (од 15 јули до 15 август 2017 г.),

за престој во НП Пелистер потребно е да побарате дозвола за движење.

Истата можете да ја подигнете во дирекцијата на НП Пелистер на ул. Виенска бр. 14 (секој работен ден од 7 -15 часот), или да ја побарате преку нашата e-mail  адреса:  np.pelister@yahoo.com,   при што треба да ги доставите следните податоци за вас:

–          име  и презиме,

–           број на лична карта или пасош,

–          адреса на живеење,

–          земја од која доаѓате (за странски државјани),

–          кој денови ќе престојувате во НП Пелистер

Јуни – Амбасадорот на САД во посета на НП Пелистер

 

Со посебна табла, поставена на Историската патека на Пелистер, денес беше покажана помошта од САД во Првата светска војна, доставувана за Битола и Битолско. По повод сто години од вклучувањето на Соединетите Американски Држави во Првата светска војна, амбасадорот на САД, Џес Бејли, денеска промовираше меморијално обележје на патеката од Првата светска војна во Националниот парк Пелистер.

 

Во спомен на годишнината беше презентирана табла со ретки фотографии од архивата ан Американскиот Конгрес, како и податоци за начинот на кој САД доставувала помош на населението во битолскиот регион и на делот од фронтот кој постоел во Битолско.

 

За успешно организираниот настан и соработката во поставувањето на спомен обележјето за помошта на САД во Првата светска војна за Битола и Битолско, поставено во две паноа на Историската патека на Пелистер, неговата екселенција, г-динот Џес Бејли додели и посебна благодарница за НП Пелистер.

Од страна на директорот на НП Пелистер, г-динот Амет Аџиу, на амбасадорот Џес Бејли му беше подарена фотографија за една планинарска средба на Пелистер. Г-динот Бејли често сакаше да пешачи по патеките на НП Пелистер, па затоа овој подарок за него претставуваше посебно и мошне пријатно изненадување.