На 9-ти август, под светлината на полната месечина, Големо Езеро стана природна сцена за 26-тата изведба на претставата „Ноќта кога ја убив месечината“. Овој несекојдневен културен настан понуди совршен спој на суровата планинска убавина и моќната театарска експресија.
Спектакл под отворено небо
Отсјајот на месечината на езерската површина и енергијата на актерите Марјан Георгиевски и Александар Копања создадоа атмосфера која присутните ја опишаа како нереална. Музиката во живо на Битолскиот камерен оркестар само го надополни мирот и спокојот на оваа висина од 2.218 метри надморска височина.
Успешна меѓуинституционална соработка
Настанот беше плод на заедничката работа на ЈУНП Пелистер, НУ Народен театар Битола и Битолскиот камерен оркестар, со поддршка на Општина Битола. Благодарност до ТППЕ Битола и сите кои помогнаа овој магичен миг на вечноста да се реализира успешно и безбедно.
Повеќе информации за овој настан на следниот линк