Будва, 6 Декември 2013 г. – Заврши Втората меѓународна конференција на Парковите на Динарската верига

Како еден од главните заклучоци на конференцијата беше нагласена потребата за воспоставување на независна асоцијација на Парковите на Динарската верига. Истоимениот проект го спроведува WWF, поврзан со 79 заштитени подрачја од Словенија во Албанија во мрежата на паркови кои разменуваат искуства и, идеи, со цел да се создадат заеднички проекти.

“Заштитените области мора да бидат релевантни, со цел да ја извршат својата главна функција која се состои во заштита на биодиверзитетот”, рече Дени Пореј, директор на WWF – Медитеран. “Парковите треба да бидат дел од развојот на регионот во кој се наоѓаат и мораат да бидат движечка сила, која ќе најде начини да се подобри квалитетот на животот на луѓето кои живеат во нив, или околу нив, но без основните природни вредности без да се прекршуваат основните вредности на природата”.

Шеснаесет од заштитените подрачја, преку овој проект започнаа процес на добивање на Европски сертификат за одржлив туризам. Парковите на конференцијата разменуваа искуства и напредок, што само ги привлече и другите паркови да го изразат интересот за учество во процесот на добивање на сертификат.

Парковите Динариди работат на евалуација на културните и економските вредности на заштитените подрачја во регионот. Во овој процес, сите учествуваат сите паркови и поголеми интересовни групи во и околу парковите, како што се туристите, рибари, шумарите, хотелиерите… Така на сите паркови ќеим биде овозможено самостојно да ги покажат своите вредност на локалните донесувачи на одлуки и локалните заедници. Од друга страна, на национално ниво, на носителите на одлуки WWF ќе им ги презентира сите бенефиции на екосистемите на заштитени подрачја.

Целта на “Big Win на Динарската верига” е, заедно со другите активности, како што се активностите на парковите, одржливиот туризам, евалуацијата на вредностите и брендирање на регионот, заштитени области да го завземат вистинското место кое им припаѓа во економската и политичката агенда.