Сите Новости

Заедничка акција во Маловишта: Уредена патеката до манастирот „Света Ана“

Во пресрет на големиот празник Успение на Света Ана, вработените на ЈУНП Пелистер, заедно со вредното локално население од село Маловишта, успешно ја уредија и втората пристапна патека која води до манастирскиот комплекс. Целта на оваа акција е да се овозможи безбеден и полесен пристап за илјадниците верници и посетители.

Традиција која живее низ вековите

Селото Маловишта (1.170 м.н.в.), како единствено населено место во рамките на Националниот парк, секоја година на 6-ти и 7-ми август станува центар на духовниот живот во регионот. Ноќното искачување низ густата букова шума до манастирот „Св. Ана“ (1.400 м.н.в.) е автентичен настан кој го претставува специфичниот културен идентитет и вековната традиција на овој крај.

Гостопримство и вкусови од Маловишта

Во знак на благодарност за поддршката, нашиот тим беше срдечно примен во домот на семејството Палигора. Имавме ретка привилегија да ја вкусиме традиционалната Pitá di burbunacá (зелник со киселец), препознатлив специјалитет кој го отсликува богатиот влашки културен идентитет и кулинарското наследство на селото.

Нови перспективи за еко-активен туризам

Оваа акција е само почеток на една нова, засилена соработка помеѓу НП Пелистер и жителите на Маловишта. Нашата цел е максимално искористување на потенцијалот на ова уникатно село со камени куќи и калдрмисани улици, со цел развој на одржлив еко-туризам и зачувување на културното богатство како нераскинлив дел од националниот парк.

Слични објави

Направи Резервација

Пополнете ги следните информации за вашето следно искуство на Пелистер.  Загарантирана безбедност и незаборавна авантура.

Направи Резервација

Пополнете ги следните информации за вашето следно искуство на Пелистер.  Загарантирана безбедност и незаборавна авантура.

Изберете планинарски водич

Пополнете го формуларот и нашиот тим ќе ве поврзе со идеалниот водич за вашето искуство на Пелистер.  Загарантирана безбедност и незаборавна авантура.