Почва

Разновидни почви — од хумусно-силикатни до планинско-шумски типови, богати со минерали и органски материи кои ја поддржуваат уникатната вегетација на Паркот.

Почвена разновидност и педогенетски фактори

Националниот парк Пелистер изобилува со голема хетерогеност на педогенетски фактори (геолошката матична карпа – супстрат, потоа биолошката разновидност во средината, човект, климата, релјефот, староста на теренот, наклонот, изложеноста на теренот и др.), што условува големо разнообразие на почвениот покривач.

Се издвојуваат три главни типови почва:

  • Хумусно‑силикатни почви (ранкери) – формирани низ комбинација на топографски услови, климатски фактори и влијание од живиот свет; најчесто се наоѓаат во планинската и предпланинската зона, и поретко во шумската зона.
  • Кафеави шумски почви (камбисоли) – застапени во зоната под шумска вегетација, особено во шуми од даб, бука и молика, со различни вариетети и еволутивни фази.
  • Кафеави подзолести почви (бруниподзоли, браунирани камбисоли) – ретки, најчесто во предпланинската зона на места покриени со моликова шума.

Направи Резервација

Пополнете ги следните информации за вашето следно искуство на Пелистер.  Загарантирана безбедност и незаборавна авантура.

Направи Резервација

Пополнете ги следните информации за вашето следно искуство на Пелистер.  Загарантирана безбедност и незаборавна авантура.

Изберете планинарски водич

Пополнете го формуларот и нашиот тим ќе ве поврзе со идеалниот водич за вашето искуство на Пелистер.  Загарантирана безбедност и незаборавна авантура.