НП Пелистер - дом на повеќе од 1000 растителни видови, меѓу кои најпознат е моликата (Pinus peuce) — петиглест бор што претставува симбол на Паркот и Балкански ендемит.
Флората на Пелистер сега брои 1307 таксони. Пелистерската флора со своето богатство и разновидност од секогаш го привлекувала вниманието на истражувачите. Флората од Пелистер и Баба Планина за прв пат им станува позната на поширокиот круг ботаничари после појавата на пионерското дело на Grisebach (1843-44): Spicilegium florae Rumelicae et Bithynicae, каде што за прв пат се наведуваат флористички податоци за територијата на Македонија, а во тој контекст и за Пелистер. Имено, германскиот ботаничар Grisebach e првиот ботаничар која ја посетyва оваа планина (1839) и при тоа опишал неколку нови видови за науката, помеѓy кои и видот Pinus peuce Grisebach (молика), која претставува заштитен знак за Пелистер.
Растителниот свет на Пелистер е мошне разнообразен, па оттаму и неговото специфично ботаничко значење. Тука растат 88 видови дрвја, што претставува застапеност на 29% од вкупната дендофлора во Македонија. Во вегетацијата на Пелистер се среќаваат 21 растителни заедници, од кои 8 се шумски, а 13 се тревни заедници.
Молика
August Grisebach
Ботаничарот Henrich August Rudolf Grisebach, односно Август Гризебах (1814 – 1879) студирал ботаника и медицина во Берлин и Гетинген, Германија. Докторирал во 1836 година. Бил универзитетски професор по ботаника и растителна географија на Универзитетот во Гетинген, Германија и директор на Ботаничката градина во истиот град. Тој се смета за основач на растителната географија-фитогеографија. На своето пропатување и истражување на флората на Балканскиот Полуостров во 1839 година при посетата на тогашната покраина Румелија, која и припаѓала на Отоманската Империја, во времето од 29 јуни до 8 јули, истата година ја посетил и Битола.
На 2 јули 1839 година, Гризебах, прдржуван од 11 турски војници и Николаки Стерју од село Магарево, го посетил Пелистер каде што го хербаризирал петоигличестиот бор, на кој му го дал научното име Рiпиѕ реисе, нов вид за науката, објавен во 1844 година.
Во 1844 година дефинитивно го одредил систематскиот статус на борот молика, и го и објавил како нов вид за науката (ѕресiеѕ nova) под името Рiпиѕ реисе. Заради описите за видовите во Румелија, во руската, чешката и германската литература е борот Pinus peuce е познат под името румелиски бор, додека англиското и италијанското име му е македонски бор, а ботаничарот Јован Цвијиќ во1871 му го дал името „молика“, кое сега е најчесто во употреба.
Во 1969 година во организација на Друштвото за науха и уметност Битола, Националниот парк “Пелистер” и Шумарскиот факултет од Скопје, на Пелистер беше организиран Прв меѓународен Симпозиум за моликата, по повод од 130 години од најзиното откривање од страна на Август Гризебах. Во таа чест беше поставена и спомен плоча на карпите во “Ластојчин Камен” на Пелистер.
Првиот хербаризиран материјал за научната јавност е колекциониран од страна на Аугуст Грисебах на 2 јули во далечната 1839 година. Тој хербарски материјал холотип и алотип се чува во Хербариумот на Грисебах во Ботаничкиот Институт во Гетинген – Германија.
АЛГИ
Дијатомеите ( силикатни алги ) се едноклеточни, фотосинтетски, еукариотски организми кои ги населуваат најразличните водени и влажни станишта. Тие можат да се сретнат на различни станишта како што извори, потоци,реки, бари, блата, езера како и морски екосистеми. Исто така тие често ги населуваат и влажните станишта како што се влажни карпи, мовови, почва и па дури и пештери.
Првиот податок за нов вид е даден од Pavlov et al. 2009 во кој се опишува видот Luticola grupcei Pavlov, Nakov & Levkov. Во студиите на Lange-Bertalot et al. 2011 и Pavlov & Levkov за родот Eunotia Ehrenberg се опишани два нови видови: Eunotia macedonica и Eunotia pseudominor. Во студиите се наведуваат и неколку ретки видови како што се Eunotia cantonatii, E. crista-galii, E. meisteroides, E. mihoi, E. nymanniana, E. suecica, и два потенцијални нови видови како што сe Eunotia aff. Curtagrunowii и Eunotia sf. pseudogroenlandica.
Во трудот на Pavlov & Levkov за родот Pinnularia, од Пелистер е опишан видот Pinnularia idsbensis. Во пошироката студија од родот Luticola D.G.Mann , опишани се неколку видови од примероци собрани од планината Пелистер како што се: Luticola aequalis, Luticola pseudoimbricata, L. subaequalis, L.triundulata, L.vesnae (Levkov, Pavlov & Metzeltin).
Во најновата студија за таксономијата на родот Gomphonema Ehrenberg во материјалите од планината Пелистер е опишан видот Gomphonema pelisteriense Levkov,Mitic- Kopanja & E.Reichardt.
ВАСКУЛАРНИ РАСТЕНИА
Даб цер – Quercus cerris
Даб цер – Quercus cerris – е најзастапен вид на дабово дрво на Пелистер од неколкуте видови на даб кои тука постојат. Ареалот му се протега од Шпанија и до Мала Азија. Листопаден даб висок до 35м и дебел до 1м. Има дебела и длабоко надолжно напукана кора со темносива до црникава боја, при што длабнатините на браздите се црвеникави. Младите гранчиња се влакнави, а пупките по нив мали и обраснати со шиловидни стипули. Лисјата се со променлива форма, но најчестп издолженојајцевидно до елипсовидно.
Церот е термофилен, светлољубив и сушоотпорен вид. Вирее по различни терени и не зависи од карактерот на матичната скала. Се обновува од семе, а има и голема изданкова сила. И тој се карактеризира со бавен растеж. Во природата најчесто вирее како примеса во другите дабови шуми, меѓутоа и тој гради шуми во кои има едификаторска улога.
Обична бука – Fagus sylvatica L.
Обичната бука e вид на широколисно дрво од фамилијата Fagaceae. Таа е најраспространет вид во Македонија. Обичната бука преферира региони што имаат благи зими и не толку топли лета. Во нашата земја тие се ограничени на планинските предели и е многу застапена на Пелистер. Обичната бука е листопадно дрво со мазна, сива кора. Лисјата се цели или делумно назабени, од 5-15 cм долги и 4-10 cм широки. Плодот е мал, остар и аглест, долг 10-15 мм. Тој содржи висок процент на танин.
Ела – Abies alba (A.pectinata)
Името alba (бела) произлегува од беликавосивата боја на кората кај младите стебла, а pectinata (расчешлана) поради насоченоста на игличките по гранчињата на двете страни. Ареалот на елата ги опфаќа подрачјата на Средна и Јужна Европа. Елата е големо шумско дрво кое обично израстува до околу 40 м, а во особено поволни услови и до 60 м високо, со дебелина до околу 2м. Листовите се игловидни, а игличките плоснати, долги 2-3 см, широки до 3мм и со темнозелена боја.
Природно се обновува со семе. На отворен простор физичката зрелост елата ја достигнува при возраст од околу 30 години, а во услови на склопени насади таа возраст е двојно поголема.
За својот оптимален развој елата има потреба од длабока, свежа, хумусна и со минерални материи богата почва. Важен предуслов за таквиот развој е и високиот процент воздушна влага. Таа ги поднесува ниските зимски температури, но нејзините млади леторасти се многу осетливи на доцните пролетни мразеви. Освен тоа, елата е многу осетлива на чадот и загаденоста на воздухот.
Бидејќи вирее на влажни и сенковидни места, таа на Пелистер, во недоволно сончевите простори, се обидува да го завземе местото на моликата.
Бор – Молика – Pinus peuce Gris.
Моликата спаѓа меѓу позначајните ендемити на Балканскиот Полуостров. Во текот на едно од своите ботанички патување по земјите од некогашната Турска империја, при престој во Битола и посетата на Пелистер во 1839 година, Henrich August Rudolf Grisebach ја открил моликата. Меѓутоа, дури по пет години (1844 година), ја опишал како посебен вид. Таквото откритие претставувало сензација за научниот свет во тоа време, за набргу потоа овој вид да биде одгледуван по Европа и надвор од неа не само со научна цел, туку и како парковско дрво.
Моликата е еден од петтоигличавите борови, бидејќи по кусорастите развива по 5 иглички. Тие се долги 5-7 , поретко и до 8cm, имаат светлозелена боја, а вегетираат 2-3 години. Во споредба со игличките на P.strobus тие се покуси и не се толку меки. Едногодишните гранчиња се мазни и зеленикави. Пупките се покриени со многубројни светлокафеви и триаголни лушпи, а врз нив стојат сивобели зрнца од стврдната смола. Кората останува долго време мазна со темнозелена или светлозелена до виолетова боја.
Младите стебла се карактеризираат со теснопирамидална крошка, при што разгранувањето е прешленовидно, а гранките куси. Кај старите стебла крошната повеќе се раширува и ја губи прибраната форма. Во состав на склопени насади,стеблата од овој вид се чистат од пониските засенчени гранки, а деблата се прави и полнодрвни. Притоа достига височина средно околу 30м, поретко до 42м, со среден дијаметар околу 30-35 cm, а во ретки случаи и до 1,2 м.
Овој вид цути во текот на мај-јуни, што зависи од надморската височина. Родните години се повторуваат секоја втора или трета година. По својот ареал моликата вирее по различна експозиција, но почесто по осојничави страни кои имаат поголема влажност во почвата и во воздухот. Иако најчесто е застапена по терените со силикатерн супстрат, на поголеми височини може да се најде и по карбонатни терени. Во однос на светлината покажува сличност со смрчата, но е посветлиљубив од тој вид. Во споредба со црниот и особено белиот бор, таа е посенкоподнослива. Поради тоа гради релативно густи насади со голема продукција на дрвна маса. Има широка амплитуда по однос на температурата.
ГАБИ
Како резултат на податоците од досегашните истражувања во Национален парк Пелистер се констатирани 760 вида на габи, од кои 485 виде се териколни (од кои 2 подземни), 275 се лигниколни. Најголемиот број видови (676) припаѓаат на столпчестите габи (тип Basidiomycota), систематизирани во педесетина различни фамилии, 80 вида припаѓаат на торбестите габи (тип Ascomycota) и 4 вида на слузабите габи (тип Myxomycota од Protozoa).Во однот на таксономската припадност најголем дел од видовите припаѓаат на фамилиите Russulacea, Mycenaceae, Tricholomataceae и Meruliaceae од типот Basidiomycota. Од лишаите се познати 27 вида кои припаѓаат на типот Ascomycota.
Најголемиот дел од податоците потекнуваат од моликовите шуми (431), во буковите шуми се собрани 78 вида, во буково-еловите шуми 36 вида, во крајречните шуми и појаси од евли,врби, и тополи се констатирани 18 вида, во дабовите шуми 17 вида, а во боровите и смрчините насади 24 вида, додека во мешаните листопадни и зимзелени шуми се забележани 37 вида. Надвор од шумските екоситеми, на ливади и пасишта се собрани 38 вида. Од лигниколните габи, најголемиот дел се собрани на молика (79), бука (60) и ела (59), додека на даб се собрани 11 вида, а на останатите супстрати се собрани помал број видови.
Од конзумните видови најпознати се: Amanita caesarea, А. rubescens, Armillaria mellea, Boletus edulis, B. pinophilus, B. aereus, B. aestivalis, Macrolepiota procera, Marasmius oreades, Cantharellus cibarius, Craterellus cornucopioides, Pleurotus ostreatus, Hydnum repandum, Russula cyanoxantha u др.
Вргањите (Boletus edulis, B. pinophilus, B. aereus, B. aestivalis), јајчарката (Amanita caesarea), ливадарката (Marasmius oreades), црната труба (Craterellus cornucopioides), жолтото еже (Hydnum repandum) и лисичарката (Cantharellus cibarius) ce комерцијални видови габи и се собираат од локалното население.
Од отровните видови значајно е да се споменат: Amanita pantherina, А. phalloides, А. muscaria, А. junquillea, Coprinellus micaceus, Cortinarius sanguineus, Galerina marginata, Russula emetica, Stropharia coronilla, lnocybe geophylla u др. Конзумирање на видови од родовите Amanita, Galerina и lnocybe може да доведе до смрт.
ЕНЕМИЧНИ И РЕТКИ РАСТЕНИЈА
Во Националниот Парк Пелистер постојат голем број флористички видови кои имаат меѓународно значење (видови на Светската и Евроpската црвена листа на загрозени видови, видови заштитени со Бернската Конвенција, со Хабитат директивите на EУ, CORINE – видови и сл.
Во НП Пелистер се регистрирани неколку таксономи кои потекнуваат од други делови на Балканскиот полуостров и Европа, а на територијата на РС Македонија единствено се развиваат на оваа планина, како на пример: Dianthus stenopetalus, Tozzia alpine subsp. Carpatica, Viola parvula…
Локални ендемити (locus classicus) или субендемити – Во Националниот парк Пелистер за прв пат се откриени и опишани како нови за науката над 15 таксони од групата на цветните растенија, односно таму се наоѓаат нивните класични наоѓалишта (Locus classicus), како на пр.: Alchemilla peristerica, Dianthus myrtinervius, Crocus pelistericus, Sempervivum octopodes.
Во Национален парк Пелистер се пронајдени четири вида растенија кои се застапени на Директивата за живеалишта, Анекс II или IV, листи на растенија. Нови опсервации на Tozzia carpathica, Fritillaria gussichiae и Buxbaumi aviridis , се направени за време на теренско истражување на Твининг проектот 2018-2019, додека видот Mannia triandra е забележан дури пред 50 години и сегашниот статус не е познат. Освен овие, во НП Пелистер се среќаваат и други растителни видови кои се ретки на национално ниво и заштитени со Закон за заштита на природата. Следниве заштитени васкуларни растенија(В), мовови(М) и лишаи(Л) се среќаваат во НП Пелистер: Alchemilla peristerica(В), Andreaea rupestris(М), Buxbaumia aviridis(М), Crataegussericeus(В), Dianthus myrtinervius(В), Eryngium serbicum(В), Evernia divaricate(Л), Fritillaria gussichiae(В), Malus florentina(В), Parmelina exasperatula(Л), Pedicularis limnogena(В), Peltigera venosa(Л), Pinus peuce(В), Ramalina carpathica(Л), Soldanella pindicola(В) и Tozzia carpathica(В).
На листата на строго заштитени видови се наоѓаат следниве васкуларни растенија: Crocus pelistericus, Gentiana lutea symphyandra, Gentiana punctata, Sempervivum octopodes и Fritillaria gussichiae.
Carpathian Tozzia Tozzia carpathica
Carpathian Tozzia Tozzia carpathica е вид од ДЖ, Анекс II и IV (код 6244). Tozzia carpathica е годишен полупаразит кој расте на крајбрежјето на субалпско- алпските потоци. Во Р.С.Македонија го има во НП Пелистер, на четири познати локации.
Fritillaria gussichiae
Fritillaria gussichiae е вид од ДЖ, Анекс IV (код 1386) е повеќегодишна луковична билка која расте на тревници и ливади во шумата изложени на сонце и на ниските делови на алпската зона во Националниот парк Пелистер. Овој вид е балкански ендемит.
ЛЕКОВИТИ РАСТЕНИЈА И ШУМСКИ ПРОИЗВОДИ
Hypericum perforatum (жолт канатрион – perforate St. Johnswort)
Лековит и ароматилен растителен вид
Жолтиот кантарион е повеќегодишно тревесто растение. Се собира горната половина на растението во цветање од јуни до август. Ова растение се среќава на ливадите,низини и на планински места, покрај светли дабови шуми,грмушки и мочуришта,пасишта како и на обработливи површини.
Origanum vulgare (планински чај – wild majoram)
Лековит и ароматилен растителен вид
Повеќегодишно, тревесто растение кое се одликува со силно разгранет корен со бројни коренчиња. Стеблата се исправени,црвенкасти, во долнито дел одрвенети, а во горниот се разгранети. Ова растение цвета од јуни до септември, а вообичаетно се собира во јули и август. Се среќава по суви ливади и светли листопадни шуми, ридски падини, грмушки, покрај патишта и планински предели до 1800 m надморска височина. Се сретнува на топли,суви и сончеви места, не му одговараат влажни места.
Thymus tosevii degenii (мајчина душичка – thyme)
Лековит и ароматилен растителен вид
Претставува повеќегодишна полугрмушка, во долниот дел со одрвенето стебло со висина до 30 cm. Целото растение за време на цветањето се карактеризира со пријатен и ароматичен мирис. Цвета во текот на целото лето, од мај до септември. Во текот на цветањето мајчината душица бара светлина и топлина, со оглед на тоа најчесто се среќава на суви и сончеви места. Најдобро расте на варовнични подлоги, неутрални или слабо алкални почви, по ливади,пасишта,покрај патишта, по рабовите на шумите.
Primula sp. (јаглика- Primula vulgaris)
Лековит и ароматилен растителен вид
Повеќегодишно тревесто растение со краток, кафеав ризом од кој над земјата избива розета со неколку листови. Надземните делови на растението се покриени со жлездени влакненца. Јагликата се собира за време на цветање, од март до мај, листот може да се бере во текот на целиот вегетациски период, додека коренот се откопува на есен и пролет. Расте на сончеви места, на свежи, хранлици, неутрални до умерено кисели почви. Може да се сретне на суви ливади, во светли шуми, во овоштарници, покрај грмушки, се до 1200 m надморска височина.
Gentiana lutea symphyandra (линцура – gentian)
Лековит и ароматилен растителен вид
Жолтата линцура е повеќегодишно тревесто растение. Цветовите се крупни, златно жолти, обединети во пазувите на листовите и распоредени по спратови на горната половина од стеблото. Цвета од јули до август. Во природата, жолтата линцура расте на многу непристапни, планински, карпести терени.
Fragaria vesca (шумска јагода – wild strawberry)
Самоникнат овошен и шумски растителен вид
Шумската јагода е ниско повеќегодишно тревесто растение со кратко стебло, високо 5 до 20 cm. Шумската јагода цвета од април до јуни, а понекогаш и вторпат наесен.Плодовите зреат од мај до август, во зависност од надморската височина и од годината. Најчесто се сретнува помеѓу 950 и 1.700m надморска височина. Во светли шуми, папрадишта, шумски ливади, претежно на топли позиции, иако може да се сретни и на осојни и сенчести места.
Vaccinium myrtillus (боровинка – blueberry)
Самоникнат овошен и шумски растителен вид
Боровинката е дрвенеста, многугодишна, ниска разгранета грмушка, висока до 50 cm. Ова растение цвета во мај и јуни. Созревањето на плодот почнува подоцна, во јули и завршува кон крајот на август, во зависност од географската положба, надморската висина и експозијата на локалитетите. Боровинката се наоѓа над 1.100 m до 2000 m надморска височина, во листопадни шуми, планински пасишта.
Crataegus monogyna (глог – monogynies hawthorn)
Самоникнат овошен и шумски растителен вид
Глогот претставува лиспотадна и разгранета грмушка со височина до 5 m., по чии гранки се распоредени остри трнови.Плодовите се собираат кога ќе созреат т.е во месеците од септември до октомври во зависност од местоположбата и надморската височина. Глогот е распостранет на надморска височина до 1400 m. Се среќаваС поединечно или во групи по просеки, просветлени делови, рабови од шума и голини.
Juniperus communis (смрека – common juniper)
Самоникнат овошен и шумски растителен вид
Сината смрека претставува зимзелена иглолисна грмушка, вообичаено со височина 3 до 4 m. Се собираат плодовите во периодот од август до октомври. Расте поединечно или во групи по голи падини, напуштени ниви, пасишта или во потстојниот кат на иглолисните шуми. Се среќава на надморска височина до 1800 m.
МОВОВИ
Во Додатокот на Планот за управување со НП „Пелистер” од 2006 година беа вклучени 1034 таксони растенија. Од нив, 21 беа мовови (Bryophyta u Marchantiophyta). Дополнителните истражувања во 2019 г., додадоа дури 273 нови видови мовови, главно од страна на истражувачкиот тим од Финска, а пред се од Kimmo Syrjanen. Со тоа, флората на НП „Пелистер” сега е претставена со најмалку 1307 таксони.
Willow Frontalis Piretica
Во живеалиштето 3260 Водени текови на рамнини до ниво на планина, кај повеќето потоци и реки на Пелистер, се сретнува мовот Willow Moss (Fontinalis antipiretica). Toj расте на камења во реките и потоците, кои главно се карактеризираат со јасни олиготрофни води.
Sphagnum Spp
Во типот на живеалиште 7140 – близу до Големо и Мало Езеро се среќавав мовот Sphagnum spp.
Andreaea Rupestris
Во живеалиштето 8150 се среќава мовот Andreaea rupestris, кој е национално заштитен вид, бидејќи е ретко растение во флората на РС Македонија.
Campylium Stellatum, Bryum Pseudotriquetrum и Sphagnum Contortum
Живеалиштето 7230 Алкални мочуришта се ретки и мали живеалишта на Пелистер. За него се карактеристични блатните мовови како Campylium stellatum, Bryum pseudotriquetrum и Sphagnum contortum.
Mannia triandra
Mannia triandra е вид мов, кој е на Директива за живеалишта Анекс II ( сокод 1379). Ова растение се забележува на Пелистер, близу до крајбрежјето на Големо Езеро, 2200 м., на влажните карпи.
Buxbaumia viridis
Мовот со зелена заштитна капсула (Buxbaumia viridis) е на Директива за живеалишта Анекс II (код 1386). Во НП „Пелистер“ има голема одржлива популација во мезијската сребрена ела кај Палиснипоје. Buxbaumia viridis е незабележителен мов. Зелените зрели капсули со висина од околу 1 cm сè уште се прилично лесни за откривање. Buxbaumia viridis е типичен вид за шуми со стар раст со многу дрво што се распаѓа и влажна микроклима. Подлогата на Buxbaumia viridis обично е распаднато дрво од четинари во фази на крајот на распаѓање (Abies alba, PIcea abies), поретко се наоѓа на дрво кое се распаѓа од листопадни дрвја (Populus tremula, Fagus sylvatica). Сепак, понекогаш расте и на хумус или тресетлива почва. Buxbaumia viridis беше пронајден на три локалитети во НП Пелистер во 2018 година.



















































