Планинска и умерено континентална клима, со свежи лета и снежни зими. Овие услови создаваат идеална рамнотежа за развој на богати екосистеми.
Климатски карактеристики
Во рамките на НП Пелистер, се чувствува влијанието на континенталната и планинската клима. Влијанието на планинската клима е зголемено бидејќи станува збор за висока планина над 2000м. На климатските прилики влијаат повеќе фактори: географската широчина, надморската височина, правецот на протегање на планинските сртови, вегетацијата и слично. Западните делови на планината, особено оние со помала надморска височина, се под силно климатско влијание на водените басени на Охридското и Преспанското Езеро.