Сите Новости

Зголемена безбедност на 2000 метри: Се расчистува опожарениот објект на „Ловечка“

Со задоволство ве известуваме дека започнаа активностите за отстранување на урнатините од објектот на локацијата „Ловечка“. Овој објект, кој беше опожарен во ноември 2021 година, подолго време претставуваше ризик за безбедноста на планинарите и, за жал, често се користеше како место за несоодветно одлагање отпад.

Чистење и заштита на животната средина

Превземените активности за рушење и расчистување се клучен чекор кон зголемување на безбедноста на сите посетители на НП Пелистер. Со отстранување на депонијата која се создаваше околу урнатините, директно придонесуваме за заштита на природата во оваа високопланинска зона на 2000 метри надморска височина.

Нов мултифункционален објект на повидок

На истата локација наскоро ќе започне изградбата на нов, модерен објект со повеќе намени. Овој центар ќе биде клучна точка за:

  • Противпожарна заштита и брза интервенција;
  • Видео мониторинг на ретките видови во паркот;
  • Метеоролошка станица за прецизни податоци во реално време.

Модерен шелтер за сите планинари

Покрај техничката намена, новиот објект ќе функционира и како современ шелтер (засолниште). Ова ќе биде значајна придобивка за сите посетители на НП Пелистер, нудејќи сигурност и засолниште при лоши временски услови на високите делови на Баба Планина.

Слични објави

Направи Резервација

Пополнете ги следните информации за вашето следно искуство на Пелистер.  Загарантирана безбедност и незаборавна авантура.

Направи Резервација

Пополнете ги следните информации за вашето следно искуство на Пелистер.  Загарантирана безбедност и незаборавна авантура.

Изберете планинарски водич

Пополнете го формуларот и нашиот тим ќе ве поврзе со идеалниот водич за вашето искуство на Пелистер.  Загарантирана безбедност и незаборавна авантура.