Фауна

Во Паркот живеат преку 200 видови животни, вклучувајќи кафеава мечка, сив волк, дивокоза, орли и разни видови дневни и ноќни пеперутки.

Највпечатливи одлики на фауната во Националниот парк Пелистер се најзината разновидност и хетерогеност, како и присуството на голем број реликатни и ендемични видови. Ендемичните видови се главно регистрирани кај без’рбетните групи на организми. Од без’рбетници организми, во малото глацијално езеро “Мало Езеро” се среќава една раскошна популација од вилинското ракче Chirocephalus diaphanous carinatus, кое претставува балкански реликатноендемичен таксон. Исклучиво во големото глацијално езеро “Големо Езеро” живее амфиподното ракче Niphragus pancici peristericus, пелистерски ендемит, досега регистиран само во ова езеро. Само во водите на овие две глацијални езера, се среќава харпактикоидното ракче Arcticocampus macedonicus, пелистерски ендемичен вид.

Во изворните води на Н.П.Пелистер, на надморска височина меѓу 1600 и 2200 m живеат два пелистерски реликтно-ендемилни видови на остракоиди: (IIiodromus peristericus и Eucypris diebeli). Во планинските потоци и реки на Националниот парк исто така се присутни реликтно-ендемични фаунистички елементи. Од Магаревска река е опишана македонската ендемична плекоптера Neumora peristeri. Низ шумскиот и високопланинскиот појас присутни се повеќе пелистерски ендемични видови како што се: пелистерската стоногалка (Brachydesmus peristerensis); тврдокрилни инсекти: (Aplaeus macedonica, Cychrus attenuatus peristericus, Duvaliotes peristericus, Platyduvalius macedonicus, Trechus hajeki), ноќната пеперутка (Hadena clara macedonica) и малите пеперутки: (Scythris crypta и Scythris similis). За разлика од без’рбетниците организми, кои сеуште не се целосно истражени, ‘рбетниците се добро проучени.

 Во рамките на Националниот Парк застапени се два видови на пастрмка. Исклучиво во горниот тек на реките Сапунџица, Злокуќанска и Ротинска река живее поточната пастрмка (Salmo pelagonicus), а во Брајчинска река живее пелистерската пастрмка (Salmo peristericus) коипретставуват пелистерски ендемични видови.

Во Националниот парк „Пелистер“ е забележано исклучително богато животинско царство — 10 видови водоземци, 15 видови влечуги, 91 вид на птици и 35 видови цицачи. Оваа разновидност го потврдува значењето на Пелистер како едно од најважните природни живеалишта во Северна Македонија.

Во шумскиот појас доминираат претставници типични за планинските екосистеми: шарениот дождовник (Salamandra salamandra), македонскиот мрморец (Triturus carnifex macedonicus), шумската и поточната жаба, како и гаталинка (Hyla arborea) од групата водоземци.
Од влечугите се среќаваат ридската желка (Testudo hermanni), ескулаповиот смок (Elaphe longissima) и планинскиот смок (Coronella austriaca).

Пелистер е вистинско засолниште и за бројни планински птици: шумска шљука, лештарка, був (Bubo bubo), шумска утка (Strix aluco), ноќна ластовица (Caprimulgus europaeus), како и црниот и зелениот клукајдрвец, јастребот кокошкар и скалестиот орел (Aquila chrysaetos).

Меѓу цицачите, најчести се ежот, верверицата, куната белка, лисицата, дивата мачка, волкот и дивата свиња.
Паркот е и природно живеалиште на реткиот балкански рис (Lynx lynx martinoi) и кафеавата мечка (Ursus arctos) – видови кои го прават Пелистер едно од најзначајните подрачја за големи предатори во Македонија.

Високопланинскиот појас на Пелистер го населува специфична фауна, која претставува мозаик од реликтни медитерански високопланински елементи, потоа бореални,арктоалпински и степски фаунистички елементи. Највпечатлив вид во овој појас претставува балканската дивокоза (Rupicapra rupicapra balcanica).По каменестите терени живее снежната полјанка (Chionomys nivalis). Низ влажните ливади и пасишта со бујна вегетација се среќаваат планинската гуштерица (Lacerta agilis), шарката(Vipera berus), четинарската полјанка (Microtus subterraneus), малата роквица (Sorex minutus), реликтниот крт (Talpa stankovici) и слепото куче (Nannosplax leucodon). Од птиците, карактеристични видови за овој појас се: црвеноклуната галка (Pyrrhocorax pyrrhocorax), скалестиот дрозд (Monticola saxatlis), белогушестиот дрозд (Turdus torquatus) и еребицата камењарка (Alectoris graeca).

Четири таксони од цицачите, за прв пат се опишани од локалитетите во рамките на Националниот парк: Балкански слеп крт (Talpa caeca beaucournii), типичен жител на моликовите шуми. Балканскиот крт (Talpa stankovici), опишан врз основа на примероци собрани од планинските ливади Националниот парк. Овој вид е регистриран како македонски-субендемит, затоа што се среќава делумно и во пограничните подрачја на Грција и Албанија. Македонската лисеста полјанка (Clethrionomys glareolus makedonicus), за прв пат регистрирана и опишана од листопадните и мешани шуми на Пелистер, исто така претставува македонски ендемит. Македонската полјанка (Microtus felteni), опишана од моликовите шуми на Пелистер, претставува македонски ендемит, бидејќи досега е регистрирана само на планините во Зпадна Македонија.

РБЕТНИЦИ

Вкупниот број видови на цицачи во НП Пелистер изнесува 47, утврдени од литературни податоци и од теренски истражувања. Таа бројка претставува околу 53% од вкупниот број на видови на цицачи во државата.

Најмногу податоци постојат за крупните цицачи, бидејќи истите беа предмет на истражувања спроведени во подрачјето во склоп на неколку проекти во периодот 2009-2018.

Кафеава мечка – Brown bear (Ursus arctos)

Цицачи - Ѕверови (Carnivora – месојади)

Кафеавата мечка – Brown bear (Ursus arctos) е вид на цицач од Директивата за живеалишта Анекс II и IV (Код 1354). Кафеавата мечка е на листата на строго заштитени видови во РС Македонија. Постоењето на доволно извори на храна за кафеавата мечка во НП Пелистер, како боровинки, марвки и друг плен, не претставува закана за овој вид.

Волк – Wolf (Canis lupus)

Цицачи - Ѕверови (Carnivora – месојади)

Волкот – Wolf (Canis lupus) е вид на цицач од Директивата за живеалишта Анекс II,IV и V (код 1352). Трагите од волк може да се сретнат во различни делови на НП Пелистер од низински до субалпски и алпски предели. Во рамките на Твининг проектот има записи за волк во околината на селата Ѓавато,Цапари и Ротино.

Балкански рис – Lynx (Lynx lynx balcanicus)

Цицачи - Ѕверови (Carnivora – месојади)

Рис – Lynx (Lynx lynx) е вид на цицач од Директивата за живеалишта Анекс II,IV и V (код 1361). Во НП Пелистер рисот е многу редок и во моментов не постојат одржлива популација, па затоа се очекува да биде мигрирачка. Сепак, за рисот во НП Пелистер со многубројни широколисни живеалишта богати со лешник и шуми со Pinus peuce во понискиот дел на НП Пелистер.

Обичен шакал – Euroasian Golden Jackal (Canis aureus)

Цицачи - Ѕверови (Carnivora – месојади)

Ситен месојадец кој јаде мали цицачи, птици и растителна храна.

Дива мачка – Wildcat (Felis silvestris)

Цицачи - Ѕверови (Carnivora – месојади)

Европска дива мачка – European wildcat (Felis silvestris) е вид на цицач од Директивата за живеалишта Анекс IV (код 6110). Европската дива мачка е на листата на строго заштитени видови во РС Македонија.

Лисица – Fox (Vulpes vulpes)

Цицачи - Ѕверови (Carnivora – месојади)

Ловец кој јаде мали животни и плодови, приспособлив на различни живеалишта.

Ласица – Weasel (Mustela nivalis)

Цицачи - Ѕверови (Carnivora – месојади)

Мал месојадец кој лови глувци и птици, активен е во текот на ноќта.

Видра – Eurasian otter (Lutra lutra)

Цицачи - Ѕверови (Carnivora – месојади)

Видра – Otter (Lutra lutra) е вид на цицач од Директивата за живеалишта Анекс I и IV (код 1355). Видрата може да се најде во близина на разновидни водни текови. Видрата може да се најде во течечките и стоечките води, а во потрага по храна може да се најдат и покрај малите потоци. Видрите покриваат поголем простор на движење и имаат добра дисперзивна способност.

Јазовец – Badger (Meles meles)

Цицачи - Ѕверови (Carnivora – месојади)

Ноќен глодар-опортунист кој се храни со инсекти, глувци и плодови.

Златна куна – European pine marten (Martes martes)

Цицачи - Ѕверови (Carnivora – месојади)

Ноќен предатор кој се храни со мали животни и плодови, живее во стари шуми.

Куна белогрла – White-breasted marten (Martes foina)

Цицачи - Ѕверови (Carnivora – месојади)

Древен предатор кој ловува глувци и птици, понекогаш јаде плодови.

Твор – Forest polecat (Mustela putorius)

Цицачи - Ѕверови (Carnivora – месојади)

Средно голем месојадец кој се храни со глувци и птици.

Балканска дивокоза – Chamois (Rupicapra rupicapra balcanica)

Парнокопитари (Artiodactyla)

Балканска дивокоза – Balkan chamois (Rupicapra rupicapra subsp. Balcanica) е вид на цицач од Директивата за живеалишта Анекс II и IV (код 1371). Оваа дивокоза живее во стрмни, карпести планински предели, на различни живеалишта, вклучувајќи ги алпските ливади, отворените карпести предели и шумските појаси како мешаните широколисни шуми и иглолисните шуми. Во летен период може да се забележат расфрлени поединци од постоечкото стадо на балканската дивокоза во околината на Козји камен, во алпскиот дел на НП Пелистер.

Срна – European roe deer (Capreolus capreolus)

Парнокопитари (Artiodactyla)

Мал цицач кој пасе треви и листови, приспособлив на шуми и ливади.

Дива свиња – Wild boar (Sus scrofa)

Парнокопитари (Artiodactyla)

Голем тревопасен цицач кој јаде корени, плодови и семиња, активен ноќе.

Див зајак – European hare (Lepus europaeus)

Зајаковидни (Lagomorpha)

Дивиот зајак е брз и внимателен тревопасен цицач кој живее на отворени ливади и шумски рабови. Познат е по својата спринтерска брзина и силни задни нозе кои му овозможуваат да избегне предатори.

Лилјаци - Bats

Лилјаци (Chiroptera)

Лилјаци -Bats – сите мали лилјаци – Microchiroptera се ставени на Директивата за живеалишта Анекс IV. Од нив во НП Пелистер се забележани следните видови (Avramovski 2006b):

  • Остроушест лилјак (ноќник)- Lesser mouse -eard myotis, Myotis blythii
  • Долгопрст лилјак (ноќник)-Long-fingered bat, Myotis capcacinii
  • Бласиев лилјак (потковичар)- Blasius’s horseshoe bat, Rhinolophus blasii
  • Јужен лилјак (потковичар) – the Mediterranean horseshoe bat, Rhinoliphus Euryale
  • Голем потковичар – Greater horseshoe bat, Rhinolophus ferrumequinum
  • Голем лилјак (потковичар) – Lesser horseshoe bat, Rhinolophus hipposideros

Myotis capaccinii, Rhinolophus blasii и Rhinolophus euryale се на листата на строго заштитени видови во РС Македонија.

Белограден Еж – Northern White-breasted Hedgehog (Erinaceus roumanicus)

Цицачи - Инсектојади (Eulipotyphla/Insectivore)

Белоградниот еж е ноќно активен цицач препознатлив по бодлестата кожа која служи за одбрана од предатори. Храни се главно со инсекти, црви и мали без’рбетници, и има важна улога во контролирањето на штетните инсекти.

Роварка – Common Shrew (Sorex araneus)

Цицачи - Инсектојади (Eulipotyphla/Insectivore)

Честата роварка е мал, многу активен цицач со висок метаболизам, кој постојано бара храна како инсекти и ларви. Живее во влажни и сенковити подрачја со густа вегетација.

Мала Роварка – Pygmy Shrew (Sorex minutus)

Цицачи - Инсектојади (Eulipotyphla/Insectivore)

Малата роварка е еден од најмалите цицачи во Европа, позната по својата брзина и непрекинато движење во потрага по храна. Таа претпочита шумски и тревни живеалишта богати со инсекти.

Водна Роварка – Eurasian water shrew (Neomys fodiens)

Цицачи - Инсектојади (Eulipotyphla/Insectivore)

Водната роварка е одличен пливач и нуркач, прилагодена на живот покрај водни текови. Се храни со водни без’рбетници, инсекти и мали водни животни.

Медитеранска водна роварка – Mediterranean water shrew (Neomys anomalus)

Цицачи - Инсектојади (Eulipotyphla/Insectivore)

Медитеранската водна роварка живее во влажни средини и покрај чисти потоци, каде што лови мали водни организми. Таа е чувствителна на загадување и претставува индикатор за здрави водни екосистеми.

Слеп Крт – Blind Mole (Talpa caeca)

Цицачи - Инсектојади (Eulipotyphla/Insectivore)

Слепиот крт е подземен цицач со силни предни екстремитети за копање и речиси целосно редуциран вид. Живее во подземни тунели и се храни со дождовни црви и подземни инсекти.

Балкански крт – Balkan Mole (Talpa stankovici)

Цицачи - Инсектојади (Eulipotyphla/Insectivore)

Балканскиот крт е ендемичен вид на Балканот, прилагоден за живот во подземни канали во шумски и тревни подрачја. Како и други кртови, тој значително ја подобрува структурата на почвата со својата копачка активност.

Обична верверица – Red squirrel (Sciurus vulgaris)

Цицачи - Глодачи - Rodentia

Обичната верверица е дрвесен глодар препознатлив по својата витка опашка и агилност. Се храни со семки, јатки и шумски плодови и игра важна улога во распространување на семиња.

Црвена (шумска) полјанка – Bank vole (Myodes glareolus)

Цицачи - Глодачи - Rodentia

Црвената полјанка е мал шумски глодар со кафеаво крзно кој живее во густа вегетација. Таа се храни со семиња, лисја и инсекти и претставува важна храна за многу предатори.

Снежна полјанка – Snow vole (Chionomys nivalis)

Цицачи - Глодачи - Rodentia

Снежната полјанка обитава во планински и карстни предели со студена клима. Таа се прилагодува на сурови услови и се храни со треви, семиња и корени.

Балканска борова полјанка – Balkan Pine Vole (Microtus felteni)

Цицачи - Глодачи - Rodentia

Овој ендемичен балкански глодар живее во иглолисни шуми и алпински пасишта. Се храни со треви и корени, придонесувајќи за проветрување на почвата.

Подземна полјанка – European pine vole (Microtus subterraneus)

Цицачи - Глодачи - Rodentia

Подземната полјанка живее во подземни тунели и ретко се гледа на површината. Храната ја наоѓа во корени, треви и подземни растителни делови.

Шумски глушец – Wood mouse (Apodemus sylvaticus)

Цицачи - Глодачи - Rodentia

Шумскиот глушец е активен и многу подвижен глодар кој живее во шумски подрачја и ливади. Се храни со семиња, инсекти и овошје, и често складира храна за зимскиот период.

Жолтовратест шумски глушец – Yellow-necked wood mouse (Apodemus flavicolis)

Цицачи - Глодачи - Rodentia

Овој глушец се одликува со жолта лента на вратот и претпочита букови и мешани шуми. Храната ја наоѓа во семиња, плодови и мали без’рбетници.

Црн стаорец – Black rat (Rattus rattus)

Цицачи - Глодачи - Rodentia

Црниот стаорец е интелигентен и адаптивен глодар кој најчесто живее во близина на населените места, но и во природа. Се храни со различна растителна и животинска храна и е познат по својата вештина за качување.

Мал глувчест крт – Lesser mole-rat (Spalax leucodon)

Цицачи - Глодачи - Rodentia

Малиот глувчест крт е подземен глодар кој живее во тунели под почвата. Храни се со корени и подземни растителни делови, и ретко се појавува на површина.

Полв Лешникар – Hazel Dormouse (Muscardinus avellanarius)

Цицачи - Глодачи - Rodentia

Полвот лешникар е мал шумски цицач кој живее на дрвја и грмушки и се храни со лешници, плодови и инсекти. Познат е по долгите периоди хибернација и ноќниот начин на живот.

Шумски полв – Forest dormouse (Dryomys nitedula)

Цицачи - Глодачи - Rodentia

Шумскиот полв живее во листопадни шуми и е одличен качувач. Активен е ноќе и се храни со семиња, плодови и инсекти.

Полв – Edible dormouse (Glis glis)

Цицачи - Глодачи - Rodentia

Овој вид полв живее главно во шумски подрачја и е најголем меѓу европските полвови. Познат е по својата хибернација и способност да складира масни резерви пред зимата.

Влечуги и водоземци

Во планот за управување со НП Пелистер, застапени се следните водоземци: Bombina variegata, Bufo bufo, Bufo viridis, Hyla arborea, Rana dalmatina, Rana graeca,Rana ridibunda, Salamandra Salamandra, Triturus carnifex и Triturus vulgaris.

Во однос на влечугите следниве видови се набројани во Планот за управување со НП Пелистер: Ablepharus kitaibelii, Anguis fragilis, Coluber caspius, Coronella austriaca, Elaphe longissima, Lacerta agilis, Lacerta trilineata, Lacerta viridis, Natrix natrix, Natrix tessellata, Podarcis erhardii, Podarcis murahs,Podarcis taurica, Testudo hermanni, Vipera ammodytes и Vipera berus.

Кратконогото гуштерче – European snake-eyes skink, Ablephdrus kitaibelii

Влечуги (Reptilia)

Кратконогото гуштерче – European snake-eyes skink, Ablephdrus kitaibelii е вид на влечуга од Директивата за живеалишта Анекс IV (код 1276). Тоа е мал и тенок гуштер кој спаѓа во семејството Scincidae, обоен во темно бакарна боја, со уште потемен страничен дел на телото. Овој вид населува суви подрачја, вклучувајќи ги падините, ливадите,шикарите и чистините во шумите (како листопадни, така и иглолисни) и обично се наоѓа близу до оние места на кои земјата е покриена со паднати лисја, мртво дрво, камењата, грмушки и друга вегетација. Во НП Пелистер , кратконогото гуштерче беше пронајдено на сувите тревни површини – Juniper scrub близу до селото Магарево.

Планинска гуштерица – Sand lizard (Lacerta agilis)

Влечуги (Reptilia)

Планинска гуштерица – Sand lizard (Lacerta agilis) е вид на влечуга од Директивата за живеалишта Анекс IV (код 1261). Може да се најде во различни типови живеалишта, вклучувајќи ливади, вриштини,тревници, субалпски и алпски ливади, шикари итн. Се среќава на тревници изложени на сонце, чистини со Juniper, карпести живеалишта и покрај пат во пониските делови на НП Пелистер.

Голем зелен гуштер – Three lined lizard (Lacerta trilineata)

Влечуги (Reptilia)

Голем зелен гуштер – Three lined lizard (Lacerta trilineata) е вид на влечуга од Директивата за живеалишта Анекс IV (код 1251). Овој вид преферира полуотворени грмушести предели, осончени шумски рабови, места покрај пат и карпести тревни површини со мозаик од повисока вегетација и отворени мали парцели. Се среќава на тревници изложени на сонце, чистини со Juniper, карпести живеалишта и покрај пат во пониските делови на НП Пелистер.

Зелен гуштер – Balkan Green Lizard (Lacerta viridis)

Влечуги (Reptilia)

Зелен гуштер – Balkan Green Lizard (Lacerta viridis) е вид на влечуга од Директивата за живеалишта Анекс IV (код 1263). Видот населува полуотворени грмушести предели, осончени шумски рабови, места покрај пат и карпести тревни површини со мозаик од повисока вегетација и отворени мали парцели. Се среќава на тревници изложени на сонце, чистини со Juniper, карпести живеалишта и покрај пат во пониските делови на НП Пелистер, и е најголем меѓу европските полови. Познат е по својата хибернација и способност да складира масни резерви пред зимата.

Македонска гуштерица – Erhard’s wall lizard (Podarcis erhardii)

Влечуги (Reptilia)

Македонска гуштерица – Erhard’s wall lizard (Podarcis erhardii) е вид на влечуга од Директивата за живеалишта Анекс IV (код 1238). Видот живее на осончени карпести ливади,отворени карпи и други камени живеалишта. Во НП Пелистер е забележан на суви тревни површини.

Скалеста гуштерица – Common wall lizard (Podarcis muralis)

Влечуги (Reptilia)

Скалеста гуштерица – Common wall lizard (Podarcis muralis) е вид на влечуга од Директивата за живеалишта Анекс IV (код 1256). Овој вид е доста чест и живее во различни живеалишта, вклучувајќи топли шумски падини, шумски рабови, чистини, покрај патишта и разновидни урбанизирани живеалишта. Во НП Пелистер видот главно се среќава на пониски места, во пасишта и отворени шуми.

Ескулапов смок – Aesculapian smoke (Elaphe longissima)

Влечуги (Reptilia)

Ескулапов смок – Aesculapian smoke (Elaphe longissima) е вид на влечуга од Директивата за живеалишта Анекс IV (код 1281). Тоа е неотровна змија на семејството Colubridae. Возрасните единки од овој вид може да достигнат големина од 1-1,5 м со што се вбројуваат во едни од најдолгите змии во Европа. Типично се среќава во зоната на широколисните шуми и во пошумени ридови со различна влажност долж речните долини.

Поскок – Nose-Horned viper (Vipera ammodytes)

Влечуги (Reptilia)

Поскок – Nose-Horned viper (Vipera ammodytes) е влечуга од Директивата за живеалишта Анекс IV (код 1295). Поскок е редок вид змија во НП Пелистер. Се јавува во различни живеалишта, но преферира осончени карпести падини и други отворени и полуотворени живеалишта, но може да се сретни и во шумите.

Ридска желка – Herman’s tortoise (Testudo hermanni)

Влечуги (Reptilia)

Ридска желка – Herman’s tortoise (Testudo hermanni) е вид на влечуга од Директивата за живеалишта Анекс ΙΙ и IV (код 1217). Таа населува разновидни природни живеалишта, како што се ливади, отворените дабови шуми и секундарни шуми, каде што е пристуно влијанието на медитеранската клима. Во НП Пелистер ридската желка е забележана во пониските делови на паркот, во дабовите шуми и полуприродните отворени живеалишта близу селата Магарево и Цапари.

Жолт мукач- Yellow-bellied (Bombina variegata)

Водоземци (Amphibia)

Жолт мукач- Yellow-bellied (Bombina variegata) е вид на водоземец од Директивата за живеалишта Анекс I и IV (код 1193). Се населува во привремени бари во различни живеалишта, почнувајќи од шуми,шумски патишта, отворени низини и висорамнини, а може да се сретни и покрај езера и реки. Барите во кои живее овој вид на жаба генерално немаат вегетација и не соджат други конкурентни видови и предатори.

Горска жаба – Agile frog (Rana dalmatina)

Водоземци (Amphibia)

Горска жаба – Agile frog (Rana dalmatina) е водоземец од Директивата за живеалишта Анекс IV (код 1209). Горската жаба е честа може да се забележи на оваа подрачје. Населува разновидни влажни живеалишта, како што се бреговите на езерата и барите, мочуриштата,ископини, покрај реки и мали потоци.

Риби

Науката има сознанија за присуството на два вида пастрмки, но не и за нивната целосна дистрибуција во водите од подрачјето на НП Пелистер. Станува збор за Ѕаlmо peristericus Karaman, 1938 и Ѕаlmо pelagonicus Karaman, 1938.

Пелистерска пастрмка – Ѕаlmо peristericus

Риби (Pisces)

Пелистерската пастрмка за првпат е опишана од страна на Караман (1938) како подвид Ѕаlmо trutta peristericus, карактеристичен за Преспанското Езеро и Брајчинска Река. Пелистерската пастрмка со поголема густина е застапена во водите на реката Германос, од грчка страна, додека со помала густина е застапена во водите од македонската страна – Брајчинска Река и нејзините притоки, како и Кранска Река и Лева Река (притока на Голема Река). Во 2010 година било утврдено присуство на стабилна популација на Брајчинската пастрмка на Ржанска Река, притока на Брајчинска Река, која влегува во рамките на Националниот парк Пелистер.

Во 2011г.  пастрмката била детектирана во Брајчинска Река (помеѓу Брајчино и Љубојно), во делот од реката по вливот на Станишар, во Ржанска Река и во долните делови од Крива Кобила. Била евидентирана на Кранска Река, но не и и во водите од Кранска Марушица и Брајчинска Марушица. Во 2015 г. според извршени молекуларни истражувања, утврдени се генетските разлики помеѓу популациите на Пелистерската (Брајчинската) пастрмка во водите од Брајчинска и Кранска Река.

Пелагониската пастрмка - Ѕаlmо pelagonicus

Риби (Pisces)

Во рамките на Националниот парк „Пелистер” влегуваат и водите кои гравитираат кон Црна Река, како дел од Вардарското сливно подрачје. Имајќи предвид дека во водите на Вардарското сливно подрачје живее македонската пастрмка Ѕаlmо mасеdоniсuѕ (Karaman, 1924), по подолг временски период беше решен таксономскиот статyс на Пелагониската пастрмка (Ѕаlmо pelagoпicus Karaman, 1938).

За жал, современи податоци за дистрибуцијата и состојбата на популациите на пелагониската пастрмка во водите на Пелистер, кои гравитираат кон Црна Река, а се дел од Националниот парк „Пелистер” не постојат. Потребни се ихтиолошки истражувања на повеќе водотеци од сливот на Црна, особено на Реката Шемница. 

Со цел следење на дистрибуцијата на Пелагониската пастрмка во 2019 г. електрориболов беше извршен на Магарешка Река, Ротинска Река, Цапарска Река, Сапунчица и Црвена Река. На сите горе наведени реки има изградено зафати за водоснабдување. Присуството на зафати е главната причина за намален проток на вода во речните корита. Тоа е можеби една и од причините за отсуство на пастрмка во Магарешка Река и Ротинска Река.

Излов на риби беше спроведен и на реката Сапунчица. На оваа река, во делот кој влегува рамките на Националниот парк “Пелистер”, направен е зафат за хидроелектраната “Сапунчица”, која пак е лоцирана во границата од паркот. На реката Сапунчица, веднаш над зафатот, беше детектирано присуство на пастрмки. Пастрмката не беше регистрирана во Реката Стара Бука. Присуство на пастрмка беше детектирано и на Црвена Река, веднаш над зафатот за водоснабдување.

На Цапарска Река не беше регистрирано присуство на пастрмка. Според локалното население,  пастрмката е честопати детектирана, но само во погорните делови од реката (над зафатите за вода за пиење), и со многу помала бројност отколку во минатото.

Не е исклучена можноста од присутво на Пелагониската пастрмка и во Езерска Река. Потребни се ихтиолошки истражувања за да се утврди дали пастрмката ги населува и водите на Зли Дол, Манастрирска Река, Мала Корија и Езерска Река.

БЕЗ’РБЕТНИЦИ

Поточен рак- Stone crayfish (Austropotamobius torrentium)

Ракови (Crustacea)

Поточен рак- Stone crayfish (Austropotamobius torrentium) е вид на рак од Директивата за живеалишта Анекс II и IV (код 1093). Неговото омилено живеалиште се чистите течечки води(извори,потоци), но исто така може да се најде и во реки или езера во планинскиот дел. Обично претпочита галерии кои ги копа во земја, а многу често живее сокриен во подводните корени, камења или карпи. Во НП Пелистер овој вид се среќава во реките Брајчинска река и Станишар ( на надморска височина од 1050-1200 м).

Тврдокрилната фауна

Тврдокрилната фауна (Coleoptera) на Пелистер опфаќа 14-ина референци кои се однесуваат на 16 локалитети на Пелистер и неговата околина, а во истата се опфатени вкупно 130 таксони од 22 фамилии. Во оваа бројка не се вклучени видовите од фамилијата Carabidae (која опфаќа вкупно 105 видови), бидејќи истата подолу е потемелно обработена.

Разновидност на тркачите (Carabidae, Coleoptera) – 105 таксони.

Посериозните истражувања на тркачите (Carabidae) на Пелистер започнуваат во 1908 година, а во 1909 година е опишап првиот вид од Пелистер: Penetretus Sterbai Rambousek, вид кој е познат само од Планината Пелистер. Во периодот на Првата светска војна е евидентиран видот Tapinopterus monastirensis, видот Trechus hajeki, Duvalius macedonicus и Duvalius peristericus, потоа  видот Trechus goebli…

Во последните дваесетина години се објавени поединечни податоци за Пелистер. Во овој период е опишан уште еден и нтересен вид од долината на река Шемница – Winklerites moraveci.Целокупна информација во научната литература за распространувањето на тркачите се објавени во последните пет години (Hristovski and Gueorguiev 2015; Hristovski et а1. 2016).

Голем дабов сечко – Cerambyx longicorn (Cerambyx cerdo)

Тврдокрилци – Coleoptera

Голем дабов сечко – Cerambyx longicorn (Cerambyx cerdo) е тврдокрилец од Директивата за живеалишта Анекс ΙΙ и IV (код 1088). Големиот дабов сечко е еден од најголемите европски видови на тврдокрилци. Видот живее во широколисните листопадни шуми, паркови и други полуотворени живеалишта со големи мртви дабови (Quercus) дрвја. Во НП Пелистер видов е забележан на стар даб над С.Цапари.

Cucujus cinnaberinus

Тврдокрилци – Coleoptera

Cucujus cinnaberinus е тврдокрилец од Директивата за живеалишта Анекс ΙΙ и IV (код 1086). Cucujus cinnaberinus е вид од семејството Cucujidae, рамни коражни бубачки. Видот живее под кората на мртвите дрвја. Во НП Пелистер е пронајден под кората изумрено дрво на македонскиот бор Pinus peuce.

Еленче – Stag beetle (Lucanus cervus)

Тврдокрилци – Coleoptera

Еленче – Stag beetle (Lucanus cervus) е тврдокрилец од Директивата за живеалишта Анекс II (код 1083). Еленчето обично живее во шумските живеалишта со големи дабови дрвја. Еленчето е забележано во дабови шуми над селата Цапари, Магарево и Брајчино.

Буков сечко – Morimus funereus

Тврдокрилци – Coleoptera

Буков сечко – Morimus funereus е тврдокрилец од Директивата за живеалишта Анекс II (код 1089). Буковиот сечко преферира стари листопадни дрвја со густа кора. Во НП Пелистер е забележан во старите тополи и дабови на три одделни локации над Цапари и стари дабови и букови шуми на неколку локации над Брајчино.

Алпски сечко – Rosalia longicorn (Rosalia alpina)

Тврдокрилци – Coleoptera

Алпски сечко – Rosalia longicorn (Rosalia alpina) е приоритетен вид на тврдокрилец од Директивата за живеалишта Анекс II и IV (код 1087). Алпскиот сечко е жител на буковите шуми со карактеристики на стара шума: големи, стари трули или мртви дрвја во живеалишта кои се повеќе или помалку изложени на сонце. Во НП Пелистер е забележан на територијата на С.Брајчино.

Копнена без’рбетна фауна

Копнената (терестичка) без’рбетна фауна на Националниот парк Пелистер претставува значаен дел од неговото природно богатство. На територијата на паркот се регистрирани вкупно 288 таксони, кои припаѓаат на 10 различни групи без’рбетници. Овие организми играат клучна улога во екосистемите на Пелистер, учествувајќи во процеси како разградба, опрашување и регулација на популациите на други видови.

Orthoptera – Правокрилци

Grasshoppers, Locusts & Crickets

Правокрилците се една од најдобро проучените групи без’рбетници на Пелистер. Фауната на оваа група е претставена со вкупно 107 таксони од 11 фамилии, и тоа:

  • Acrididae (скакулци)

  • Tettigoniidae (бабари)

  • Tridactylidae

  • Phaneropteridae

Овие видови се карактеристични за планинските екосистеми и придонесуваат за биолошката разновидност на паркот.

Diptera: Chironomidae – Двокрилци

Во групата на двокрилците, вклучувајќи муви, комарци и други сродни видови, на Пелистер се регистрирани 35 таксони. Овие инсекти имаат важна улога во екосистемите како опрашувачи, детритивори и дел од хранителните синџири.

Gastropoda – Полжави и копнени мекотели

Snails & Land Slugs

На Пелистер се евидентирани 30 видови полжави и копнени мекотели, припаѓајќи на 16 фамилии. Оваа група е релативно добро проучена.

Особено значаен е откриениот редок и нов вид за науката:
Vestia lazarovii sp. n. (Dedov, 2012)

Овој вид е пронајден на локалитетот Копанки (1639 м н.в.), под мртви стебла во борова шума со Pinus peuce (молика), а дополнително е регистриран и на локалитетот Палиснопје.

Овој податок ја истакнува важноста на Пелистер како рефугиум на редки и ендемични видови.

Други групи копнени без'рбетници

Кај следните таксони на Пелистер е евидентирано присуство од само 1 до 5 видови, што укажува на ограничени, но значајни податоци за нивното присуство и екологија:

  • Hymenoptera – Опнокрилци
    Sawflies, wasps, bees & ants

  • Homoptera – Еднаквокрилци
    Aphids, scale insects, cicadas & leafhoppers

  • Heteroptera – Полутврдокрилци
    True bugs

  • Dermaptera – Уволажи
    Earwigs

  • Opiliones – Сенокосци
    Harvesters / Daddy longlegs

  • Psocoptera – Книшки вошки
    Booklice & barklice

Иако за овие групи постојат фаунистички податоци, тие се оскудни и не го претставуваат целосниот диверзитет на нивните популации на Пелистер. Ова укажува на потребата од подетални истражувања, кои би придонеле за поцелосно разбирање на биолошката разновидност на Националниот парк.

Вилински коњчиња

Odonata

Согласно литературните податоци и досегашните наоди, на Пелистер се регистрирани 22 вида на вилински коњчиња. Од наведените видови во подолната Табела, кои припаѓаат кон 8 фамилии, има типични реофилни претставници, како тие од фамилијата Cordulegastridae u Gomphidae. Ларвените форми од овие претставници се врзани за спефицични хабитати од речното корито, се осетливи на промени во животната средина и затоа претставуваат индикатори за состојбата со речните екоситеми.

Најчесто се среќаваат во делови од реката, со побавен тек, со песокливо каменито дно и релативно добро развиена акватична вегетација. Останатите видови се сретнуваат во стоечки водни тела (околу глацијалните езера, блата, заблатени места покрај речното корито, бари или влажни ливади), како и бавно течеки води. Такви се претстваниците од фамилиите Calopterygidae, Lestidae, Coenagrionidae, Platycnemidae, Aeschnidae Libellulidae.

Пеперутки – Lepidoptera

120 видови на Дневните пеперуги (Cepѓdoptera, Rhopalocera) на Пелистер.

Дневните пеперуги во Македонија се релативно добро истражена група на инсекти благодарение на големиот интерес од домашните и странски ентомолози во дваесеттиот и дваесет и првиот век. Најстарите литераryрни податоци за планината Пелистер датираат уште од почетокот на дваесеттиот век. Како резултат на поновите истражувања во Националниот парк Пелистер се објавени 101 вид од авторите Мицески и Мицевски (2005).

При компарирање на податоците, вкупно 16 видови не се констатирани во последните истражувања во 2019 година, а со вклучување на сите видови објавени во литературата, вкупниот број на видови на Пелистер би бил 120 видови. Ова претставува 58,5 % од вкупната фауна на пеперуги во РС Македонија.

Eastern eggar (Eriogaster catax)

Lepidoptera

Eastern eggar (Eriogaster catax) е вид на пеперутка од Директивата за живеалишта Анекс II и IV (код 1074). Видот има широка дистибуција во земјата. Оваа пеперутка е ноќно активна и живее во полуотворени живеалишта, на рабовите на шумите и покрај пат. Во НП Пелистер колонии на Eriogaster catax се пронајдени на неколку места во близина на селото Магарево покрај патот.

Marsh fritillary (Euphydryas aurinia)

Lepidoptera

Marsh fritillary (Euphydryas aurinia) е вид на пеперутка од Директивата за живеалишта Анекс II (код 1065). Таа живее на суви или релативно суви ливади. Во НП Пелистер овој вид е забележан во Магарево, Цапари и над Брајчино.

Jersey Tiger (Gallimorpha quadripunctaria)

Lepidoptera

Jersey Tiger (Gallimorpha quadripunctaria) е вид на пеперутка од Директивата за живеалишта Анекс ΙΙ ( код 6199). Овој вид на пеперутка може да се сретне во шумите, полуотворените површини, места покриени со грмушки итн. Овој вид е забележан во Ѓавато, на границата на НП Пелистер.

Large copper (Lycaena dispar)

Lepidoptera

Large copper (Lycaena dispar) е вид на пеперутка од Директивата за живеалишта Анекс ΙΙ и IV (код 1060). Таа може да се сретни во различни видови на тревни живеалишта. Живее во отворени и полуотворени живеалишта кои се важни и за другите пеперутки. Овој вид е пронајден во долниот дел на НП Пелистер, близу селата Цапари и Магарево.

Аполо пеперутка – Clouded apollo (Parnassius mnemosyne)

Lepidoptera

Аполо пеперутка – Clouded apollo (Parnassius mnemosyne) е вид на пеперутка од Директивата за живеалишта Анекс IV ( код 1056). Во НП Пелистер овој вид на пеперутка е застапен со неколку (мали) локални популации во различни речни долини. Аполо пеперутката преферира ниско-растечки тревници богати со билки и други отворени или полуотворени живеалишта.

Large blue (Phengaris arion)

Lepidoptera

Large blue (Phengaris arion) е вид на пеперутка од Директивата за живеалишта Анекс IV (код 1058). Типични живеалишта на овој вид на пеперутка се отворените и топли ливади со мајчина душица-Thymus и колонии со мравката Myrmica. Во НП Пелистер овој вид е забележан над Брајчино, а постојат и неколку записи на границата на паркот, во Магарево- Дихово, на сувите пасишта на двете страни на постоечката водоводна инсталација.

Птици – Aves

Први податоци за орнитофауната на планината Пелистер датираат од  1903 и 1905 година од британскиот конзул во Битола, Јатеѕ Peter McGregor, кој водел белешки за птиците во околината на Битола. Притоа тој споменува 8 видови птици, меѓу кои најинтересни се податоците за жолтоклуната галка Pyrrhocorax graculus, брадестиот мршојадец Gypaetus barbatus, египетскиот мршојадец Neophron percnopterus u гнездо на големиот орел кликач Clongа clongа.

Иако птиците на Пелистер се истражувани и по Првата и по Втората Светска војна, може да се каже дека посериозна студија на орнитофауната во моликовите шуми на Пелистер прават Micevski & Stojanovski (1991), регистрирајќи 32 видови птици. Истражувачкото друштво на студенти биолози во 2001 година на Пелистер регистрира 56 видови птици (Велевски et а1. 2003). Заедно со други истражувања подоцна вкупниот број на видови на птици во НП Пелистер достигува 93.

Со последните иструвања во 2019 година со Твининг проектот од страна на литванските и финските истражувачи, како и истражувањата на домашните експерти за Студијата за ревалоризација на вредностите на НП Пелистер, добиена е листа од 116 видови на птици на Пелистер, од кои 5 порано биле присутни на Пелистер, а сега се исчезнати: брадест мршојадец, црн мршојадец, жолтоклуна галка, карполазач, планински сокол.

Најбогати со видови се дабовите шуми на НП Пелистер (51, од кои 48 гнездилки), по кои следат моликовите заедници, па буковите шуми и шумите на елата.

Златен орел – Golden eagle (Aquila chrysaetos)

Грабливки (Raptors / Birds of Prey)

Златен орел – Golden eagle (Aquila chrysaetos) постојан жител во НП Пелистер, птица гнездилка, редок вид застапен во планините на поголема надморска височина. Златниот орел е вид на птица која исклучително живее во дивина. Доколку гнездилиштата се идентификувани, треба да се избегнува секаков вид на вознемирување на подрачјето во периодот на гнездење.

Орел змијар – Short-toed snake eagle (Circaetus gallicus)

Грабливки (Raptors / Birds of Prey)

Орел змијар – Short-toed snake eagle (Circaetus gallicus) статус во НП Пелистер веројатност да е гнездилка. Големина и тренд на популацијата:непознат. Орелот змијар преферира отворени места со змии и гуштери.

Ливадска еја – Montagus Harrier (Circus pygargus)

Грабливки (Raptors / Birds of Prey)

Ливадска еја – Montagus Harrier (Circus pygargus) статус во НП Пелистер, најверојатно се гнезди во низинските сенокоски ливади. Потребите во однос на живеалиштето и исхраната за овој вид се слични како и за орелот змијар. Ејата се храни со мали цицачи, гуштери, мали птици, жаби, па и други инсекти.

Сив сокол – Peregrine falcon (Falco peregrinus)

Грабливки (Raptors / Birds of Prey)

Сив сокол – Peregrine falcon (Falco peregrinus) статус во НП Пелистер, постојан жител, гнездилка, редок вид застапен во планините на поголема надморска височина, карпестите подрачја и во суви тревни површини и фации на шикари.

Степска ветрушка – Lesser kestrel (Falco naumanni)

Грабливки (Raptors / Birds of Prey)

Степска ветрушка – Lesser kestrel (Falco naumanni) статус во НП Пелистер, непознат. Потенцијални соодветни живеалишта за гнездење – отворени места во долини, или во близина на ретко населени места.

Осојад – European honey bazzard (Pernis apivorus)

Грабливки (Raptors / Birds of Prey)

Осојад – European honey bazzard (Pernis apivorus) статус во НП Пелистер, веројатно се гнезди во сите типови на шума. Големината на популацијата и трендот непознат. Популациите на осојадот се намалуваат на многу места во светот. Во одредени случаи се работи за недостаток на храна, поради временските услови.

Обичен шарен клукајдрвец (Dendrocopos medius)

Клукајдрвци (Woodpeckers)

Обичен шарен клукајдрвец – Middle spotted woodpecker (Dendrocopos medius) статус во НП Пелистер, постојан жител. Абудантност зависи од количината на мртво дрво,особено даб. Големината на популација и тренд :непознат.

Белокрстен шарен клукајдрвец (Dendrocopos leucotos)

Клукајдрвци (Woodpeckers)

Белокрстен шарен клукајдрвец – White-backed woodpecker (Dendrocopos leucotos) статус во НП Пелистер, постојан жител, редок во различен вид на шумски живеалишта, особено во широколисните шуми.Абудантноста зависи од количината на мртво дрво и стари дрвја. Големина на популација и тренд: непознат.

Сиријски шарен клукајдрвец (Dendrocopos syriacus)

Клукајдрвци (Woodpeckers)

Сиријски шарен клукајдрвец – Syrian woodpecker (Dendrocopos syriacus) статус во НП Пелистер , постојан жител, чест во отворени шумски живеалишта. Абудантноста зависи од количината на мртво дрво и стари дрвја. Големина на популација и тренд: непознат.

Црн клукајдрвец (Dryocopus martius)

Клукајдрвци (Woodpeckers)

Црн клукајдрвец – Black woodpecker (Dryocopus martius) статус во НП Пелистер, постојан жител, редок во сите типови на шума во паркот, како во широколисната, така и во иглолисната шума. Абудантноста зависи од количината на мртво дрво и стари дрвја. Големина на популација и тренд: непознат.

Еребица камењарка – Rock partridge (Alectoris graeca)

Копнени птици (Ground & Upland birds)

Еребица камењарка – Rock partridge (Alectoris graeca) статус во НП Пелистер, постојан жител, гнездилка. Популацијата веројатно се намалува поради прераснувањето на соодветните живеалишта (карпести подрачја и отворени полуприродни тревни површини на голема надморска височина).

Лештерка – Hazel grouse (Tetrastes bonasia)

Копнени птици (Ground & Upland birds)

Лештерка – Hazel grouse (Tetrastes bonasia) статус во НП Пелистер,постојан жител, гнездилка. Најчесто се јавува во шумските живеалишта, особено во мешаните или широколисните шуми, но во паркот може да се сретни и на пониските делови на алпскиот појас. Бара дрвја или грмушки за да се скрие од грабливци.

Европска ноќна ластовица – European nightjar (Caprimulgus europaeus)

Ноќни инсективорни птици (Nocturnal insect-eating birds)

Европска ноќна ластовица – European nightjar (Caprimulgus europaeus) статус во НП Пелистер, гнездилка, преселничка, типична за медитерански и макдронезиски планински шумски живеалишта. Европската ноќна ластовица населува отворени, полуотворени и скоро затворени шумски живеалишта. Таа лови инсекти на отворени места, во вечерните часови.

Крекс – Corn crake (Crex crex )

Пасерини / Пејачки птици (Passerines / Songbirds)

Крекс – Corn crake (Crex crex ) статус во НП Пелистер, веројатност да е постојана гнездилка или повремено да се гнезди. Крексот живее во тревни живеалишта. Претпочита места со висока вегетација, која обезбедува засолништа од грабливците. Вообичаено, сенокосите ливади се погодно живеалиште за гнездење на крексот.

Сиво свраче – Red-backed shrike (Lanius collurio)

Пасерини / Пејачки птици (Passerines / Songbirds)

Сиво свраче – Red-backed shrike (Lanius collurio) статус во НП Пелистер, гнездилка, преселничка. Овој вид е доста чест на отворените живеалишта кои се делумно прераснати со нискорастечка дрвна вегетација и грмушка. Сите видови на сврачиња преферираат полуотворени предели. Ваквите живеалишта вообичаено добро се одржуваат со традиционалното одгледување на животни.

Шумска чучурлига – Woodlark (Lullula arborea)

Пасерини / Пејачки птици (Passerines / Songbirds)

Шумска чучурлига – Woodlark (Lullula arborea) статус во НП Пелистер, гнездилка во полуотворени шумски живеалишта. Шумската чучурлига претпочита полуотворени живеалишта и млади шуми со млади дрвја. Може да се сретне и на чистини, но тие најчесто се само привремено живеалиште. Видот може да се сретни и на пониските делови на алпските живеалишта, до работ на шумскиот појас.

Црвеноклуна галица – Red-billed chough ( Pyrrhocorax pyrrhocorax)

Пасерини / Пејачки птици (Passerines / Songbirds)

Црвеноклуна галица – Red-billed chough ( Pyrrhocorax pyrrhocorax) статус во НП Пелистер, редок постојан жител, гнездилка. Црвеноклуна галица се гнезди на карпести места на алпско ниво на планините. Храна бара на отворени места. Видот е социјален во текот на цела година.

Направи Резервација

Пополнете ги следните информации за вашето следно искуство на Пелистер.  Загарантирана безбедност и незаборавна авантура.

Направи Резервација

Пополнете ги следните информации за вашето следно искуство на Пелистер.  Загарантирана безбедност и незаборавна авантура.

Изберете планинарски водич

Пополнете го формуларот и нашиот тим ќе ве поврзе со идеалниот водич за вашето искуство на Пелистер.  Загарантирана безбедност и незаборавна авантура.