Разновидни почви — од хумусно-силикатни до планинско-шумски типови, богати со минерали и органски материи кои ја поддржуваат уникатната вегетација на Паркот.
Почвена разновидност и педогенетски фактори
Националниот парк Пелистер изобилува со голема хетерогеност на педогенетски фактори (геолошката матична карпа – супстрат, потоа биолошката разновидност во средината, човект, климата, релјефот, староста на теренот, наклонот, изложеноста на теренот и др.), што условува големо разнообразие на почвениот покривач.
Се издвојуваат три главни типови почва:
- Хумусно‑силикатни почви (ранкери) – формирани низ комбинација на топографски услови, климатски фактори и влијание од живиот свет; најчесто се наоѓаат во планинската и предпланинската зона, и поретко во шумската зона.
- Кафеави шумски почви (камбисоли) – застапени во зоната под шумска вегетација, особено во шуми од даб, бука и молика, со различни вариетети и еволутивни фази.
- Кафеави подзолести почви (бруниподзоли, браунирани камбисоли) – ретки, најчесто во предпланинската зона на места покриени со моликова шума.