Националниот парк Пелистер денес беше исполнет со детска љубопитност. Учениците од ООУ „Климент Охридски“ – Битола поминаа ден исполнет со истражување, учејќи дека природата е најубавата и најважната училница што ја имаме.
Откривање на шумските тајни и микросветот
Од запознавање со навиките на мечките, волците и итрите лисици, до набљудување на растенијата под микроскоп – децата имаа можност да видат еден сосема нов свет. Инфоцентарот беше местото каде секоја приказна за паркот доби своја слика, а децата научија зошто секој од нас е важен во чувањето на ова богатство.
Игра и учење во совршен спој
Преку боите на цветовите, камчињата и бубамарите, како и низ забавната игра за барање еко-трофеи, природата им ги покажа сите свои изненадувања. Учениците се вратија дома не само со знаење, туку и со ветување дека ќе бидат вистински пријатели на Пелистер.