Направи Резервација
Пополнете ги следните информации за вашето следно искуство на Пелистер. Загарантирана безбедност и незаборавна авантура.
Тест за храброст и физичка подготвеност во крошните на моликовата шума. Совршен спој на адреналин и рекреација за сите кои сакаат да ги поместат сопствените граници.
Почеток и амбиент: Авантурата започнува со кратка безбедносна обука во подножјето на високите моликови стебла. Веднаш штом ќе се подигнете на првата платформа, ве опкружува мирот на планината, но и возбудата од висината.
Предизвик низ препреки: Патеката ве води низ 18 технички различни елементи. Ќе се соочите со висечки дрвени греди, „Тарзан“ јажиња кои бараат рамнотежа, како и воздушни мрежи и тесни мостови. Секој елемент е дизајниран да го тестира вашиот фокус и координација додека се движите меѓу крошните.
Безбедност и крајна точка: Целата траса е опремена со систем за континуирано осигурување – виа ферата, што значи при секоја препрека имате можност за повторно закачувања или откачување од одредена препрека во случај лицето да не може да ја помине има можност да оди на следна етапа/препрека.