Професионални сертифицирани оператори за вашата следна посета, авантура и незаборавно доживување на Пелистер
Изберете лиценциран оператор кој нуди целосно организирани, безбедни и адреналински искуства во и околу Пелистер. Претворете ја вашата посета во динамична авантура со професионални тимови кои стојат зад секоја активност.
Нашите сертифицирани оператори како правни лица нудат разновидни авантуристички активности – од freeride скијање и кањонинг, до качување на карпи и off-road тури. Секоја тура е внимателно испланирана, со соодветна опрема, стручен кадар и јасни безбедносни протоколи.
Со долгогодишно искуство во организација на активен туризам, овие оператори ви овозможуваат пристап до уникатни локации, професионално водство и искуства кои одат подалеку од класичната туристичка понуда. Без разлика дали барате адреналин или нов начин да ја доживеете природата – тука ќе го најдете вистинскиот партнер.
Дозволете им на професионалните тимови да се погрижат за логистиката, опремата и организацијата – вие само фокусирајте се на доживувањето. Изберете оператор, резервирајте активност и започнете ја вашата авантура со сигурност и доверба.
Сертифицирани оператори
Авантуристички активности

Mount МК
Авантуристички оператор
Mount MK нуди организирани авантуристички активности во природна средина, со можност за реализација во рамките на Националниот парк Пелистер и неговата околина. Понудата е наменета за посетители кои бараат активен престој и директен контакт со природата.
Активности
- Off-road тури
- Качување на карпи
- Кањонинг
Што вклучува понудата:
- Активностите се реализираат од лиценцирани и искусни инструктори
- Обезбедена техничка опрема
- Организирана тура
- Дефинирани безбедносни процедури
Оператор / тим:
Тим од лиценцирани водичи и инструктори за outdoor активности, со искуство во работа со групи и техничка опрема.
Резервирајте тим / водич и започнете ја вашата авантура на Пелистер.
Freeride скијање

SF Freeride
Freeride авантуристички оператор
SF Freeride нуди организирани freeride и backcountry ски тури на Пелистер, наменети за искусни скијачи и љубители на адреналин. Активностите се реализираат на природни, неуредени терени со професионално водство и строго почитување на безбедносни стандарди.
Активности
- Freeride скијање
- Snowcat тури
Што вклучува понудата:
- Водичи со искуство на Пелистер
- Пристап до терени со организиран транспорт
- Безбедносна опрема и протоколи
- Организација на тура
Турите се изведуваат во мали групи, со внимателен избор на рути во зависност од временските услови и нивото на учесниците.
Оператор / тим:
Тим од искусни локални водичи со специјализирано знаење за зимски услови и движење на планински терен.