Сместена во селото Дихово, во подножјето на Националниот парк Пелистер, Вила Дихово е семејна вила која нуди мирен одмор во природа. Станува збор за традиционална куќа изградена во 1928 година, уредена во автентичен македонски стил од камен и дрво.
Вилата располага со еднокреветни, двокреветни и четворокреветни соби, секоја со сопствено купатило. Работи по концептот bed and breakfast и располага со ресторан каде може да се организира ручек или вечера. Храната што ја подготвуваме е традиционална, базирана на локални и сезонски состојки, инспирирана од Slow Food концептот, со опции за вегетаријанска и веганска исхрана.
На трпезата нудиме домашно произведени пијалаци како вино, пиво и ракија. Вилата располага и со простран двор и градина, идеални за одмор и уживање на отворено.
Вила Дихово е препознаена и од меѓународни медиуми како Lonely Planet и Olive Magazine, а селото Дихово е рангирано на 7 место на листата „50 Secret Places in Europe“ на Lonely Planet.
Опкружена со природа, Вила Дихово е одлична појдовна точка за пешачење, велосипедски тури и истражување на Пелистер и околината.
Локација
Направи резервација
Изберете сместување кое најмногу одговара на вашите потреби и планирајте го вашиот престој на Пелистер. За повеќе информации, достапност и цени, посетете ја нивната страна.