На 3 јули 2026 година (петок), вработените од ЈУ Национален парк Пелистер во блиска соработка со локалното население спроведоа заедничка акција за уредување и одржување на просторот околу верските објекти и јавните површини во подпелистерските села Трново и Магарево.
Обфатени локации
Во рамките на акцијата истовремено беа опфатени повеќе значајни локации од културно-историското и духовното наследство на регионот:
- Село Трново: Уредување на дворот на црквата „Пресвета Богородица“, просторот околу основното училиште и дворот на локалната џамија.
- Село Магарево: Чрасчистување и уредување на комплексот околу манастирот „Св. Ѓорѓи“.
Овие верски и образовни објекти претставуваат препознатливи споменици на културата и се меѓу најчесто посетуваните места од жителите на Битола и поширокиот регион.
Соработка со локалната заедница
ЈУ Национален парк Пелистер континуирано ја негува и унапредува соработката со локалното население. Заедничките акции од овој тип ја потврдуваат меѓусебната поддршка и подготвеност за зачувување како на природните, така и на културните вредности.
Пелистер останува нашиот заеднички симбол за обединување, соживот и меѓусебна почит.





