Површина

Национален парк „Пелистер“ — симбол на природна убавина, научна вредност и историска важност.

Националниот парк „Пелистер“ претставува еден од највпечатливите природни бисери на Македонија и Балканот. Основан во 1948 година, тој е прв национален парк во државата и дом на уникатни природни вредности, ретки ендемични видови и пејзажи кои одземаат здив. Пелистер е симбол на хармонијата меѓу човекот и природата — место каде што чистиот воздух, глацијалните езера и вековните молики создаваат чувство на мир и инспирација.
Паркот е вистинска ризница на биолошка разновидност и културно наследство, а преку своите активности и програми ја поттикнува еколошката свест, одржливиот туризам и заштитата на природните ресурси. Со тоа, „Пелистер“ останува жив пример за тоа како природата може да се зачува и да се сподели со идните генерации.

Локација и Површина

Баба Планина - 17150 хектари
Врв Пелистер преку Широка 4

НП Пелистер е област со висока вредност на природата, познат по фасцинантниот и недопрен предел, богата и зачувана биолошка разновидност, место каде непречено се одвиваат природните процеси и функции. Зачуванста на биолошката разновидност, на сите нивоа, е со поволен статус и продолжува да претставува главна одлика на Паркот. Непреченото одвивање на природните процеси, функции и циклуси вo природните екосистеми подржуваат стабилни и витални популации на засегнатите и особено загрозените ендемични и други автохтони видови. Локалното население и посетителите ги препознаваат вредностите на Паркот, но и придобивките, ги подржуваат и уживаат во широкиот спектар на активности кои се во согласност со природните услови како и културното наследство. Паркот го управува посветен кадар, кој применува модерни технологии за мониторинг, поседува комуникациски вештини кои ја јакнат синергијата помеѓу природата и човекот и обезбедуваат одржливо користење на природните ресурси и развој на туризмот.

Најстариот национален парк во Северна Македонија — Пелистер — се наоѓа во југозападниот дел на државата, на планината Баба, и претставува природно богатство со извонредна вредност. Со својата површина од 17.150 хектари, Паркот опфаќа разновидни предели, од густи моликови шуми до високопланински предели со алпски пасишта и глацијални езера.

Националниот парк Пелистер е основан во 1948 година, што го прави првиот национален парк во Македонија. Се простира во рамките на Општините Битола и Ресен, а неговиот највисок врв — Пелистер (2.601 м) — е втор по височина на Баба Планина.
Паркот се карактеризира со изразена разноликост на релјеф, клима, флора и фауна, што го прави уникатен екосистем од национално и меѓународно значење.

На територијата на Паркот се наоѓаат познатите Пелистерски Очи — две глацијални езера сместени на надморска височина од 2.218 и 2.180 метри. Тие претставуваат симбол на планината и се меѓу најпосетуваните природни атракции.
Покрај тоа, во рамките на Паркот се среќаваат бројни водотеци, изворишта и долини кои создаваат специфичен микроклиматски мозаик и влијаат врз богатата биолошка разновидност.

Од Битола, влезот во Паркот се наоѓа на само 15 минути возење, што овозможува лесна достапност за посетители и истражувачи.

Направи Резервација

Пополнете ги следните информации за вашето следно искуство на Пелистер.  Загарантирана безбедност и незаборавна авантура.

Направи Резервација

Пополнете ги следните информации за вашето следно искуство на Пелистер.  Загарантирана безбедност и незаборавна авантура.

Изберете планинарски водич

Пополнете го формуларот и нашиот тим ќе ве поврзе со идеалниот водич за вашето искуство на Пелистер.  Загарантирана безбедност и незаборавна авантура.