Прашања поврзани со посетата, правилата и услугите во Национален парк Пелистер, овие информации ќе ви помогнат полесно да ја испланирате вашата посета и безбедно да уживате во природата.
1. Дали се наплаќа влез за Национален Парк Пелистер?
Во моментов нема наплата за влез во паркот, но одредени услуги како музеи, туристички водичи или активности може да имаат цена.
2. Кои се работните часови на паркот?
Паркот е достапен 24/7. Сепак, препорачливо е движење преку ден и планирање на посетата според временските услови.
3. Од каде започнуваат најпопуларните пешачки патеки?
Најчестите почетни точки се Инфо-центар Пелистер и Хотел Молика.
4. Дали е потребна пријава за планинарење?
Пријава не е задолжителна. Но за високи зони, подолги тури или зимски успони се препорачува да известите ги известите надлежните на Националниот Парк или одредено планинарско друштво.
5. Дали е дозволено носење кучиња во паркот?
Да, дозволено е, но кучињата мора да бидат на поводник и под целосна контрола, за да не се вознемирува дивата фауна.
6. Дали смеам да палам оган или да кампувам?
Палење оган е строго забрането. Кампување е дозволено само на локации определени и регулирани од Управата на паркот.