FAQ

Прашања поврзани со посетата, правилата и услугите во Национален парк Пелистер, овие информации ќе ви помогнат полесно да ја испланирате вашата посета и безбедно да уживате во природата.

Во моментов нема наплата за влез во паркот, но одредени услуги како музеи, туристички водичи или активности може да имаат цена.

Паркот е достапен 24/7. Сепак, препорачливо е движење преку ден и планирање на посетата според временските услови.

Најчестите почетни точки се Инфо-центар Пелистер и Хотел Молика.

Пријава не е задолжителна. Но за високи зони, подолги тури или зимски успони се препорачува да известите ги известите надлежните на Националниот Парк или одредено планинарско друштво.

Да, дозволено е, но кучињата мора да бидат на поводник и под целосна контрола, за да не се вознемирува дивата фауна.

Палење оган е строго забрането. Кампување е дозволено само на локации определени и регулирани од Управата на паркот.