Обединување на природното, историското и духовното наследство во едно незаборавно искуство.
Националниот парк Пелистер не е богат само по својата уникатна природа, туку и по извонредното културно и историско наследство кое се протега низ повеќе цивилизации и историски периоди. На ова подрачје се среќаваат археолошки локалитети, сакрални објекти, традиционални села, стари патеки и споменици кои сведочат за долгото човечко присуство и за културната разновидност на регионот.
Пелистер претставува место каде што природата и културата се преплетуваат — од праисториските населби и античките траги, преку средновековните манастири и живописните влашки села, до спомениците од Првата светска војна и НОБ. Овие вредности се важен дел од идентитетот на регионот и нудат можност за развој на културен, рурален и алтернативен туризам.
Во ова поглавје се издвоени најзначајните културни објекти и традиции во рамките и околината на НП Пелистер, систематизирани во три целини:
Културно наследство
Села и верски објекти
Споменици
ФЛОРА
Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Ut elit tellus, luctus nec ullamcorper mattis, pulvinar dapibus leo.