Доколку планирате посета на Националниот парк Пелистер, ве молиме однапред да ја пополните електронската пријава. Постапката е едноставна, брза и овозможува евиденција на посетителите во согласност со правилата на паркот.
Доживеј ја природата на Пелистер преку авантури што го будат духот – пешачки и планински патеки, истражувај скриени езера и почувствувај ја слободата меѓу шумите и врвовите. Пронајди ја својата следна авантура на Пелистер.
Заштитете ја убавината на нашиот национален парк за идните генерации. Вашиот одговорен пристап денес е гаранција за зачувана природа утре.
Националниот парк Пелистер не е само дестинација, туку жив екосистем. Со секој ваш свесен чекор, вие помагате во заштитата на ретките природни богатства кои овој парк ги чува со векови. Почитувајте ја природата, движете се одговорно и бидете дел од нејзиното зачувување.
Претворете ја вашата посета во доживување што се памети. Изберете лиценциран водич кој ќе ви ги открие тајните на планината и ќе ви обезбеди безбедно, автентично и незаборавно истражување.
За оние кои бараат возбуда, нашите сертифицирани оператори нудат целосно организирани активности – од адреналински off-road тури и кањонинг, до зимски freeride и snowcat доживувања.
Дозволете им на професионалните тимови да се погрижат за логистиката и опремата, додека вие уживате во природата со максимална безбедност и доверба.