Ренџерската служба на ЈУНП Пелистер, при своите редовни теренски активности, сними редок и симпатичен момент – младо мече на возраст од околу две и пол години како вешто се симнува од дрво високо дваесетина метри.
Висока активност на дивата фауна
Оваа снимка е уште еден доказ за здравиот екосистем во паркот и успешното справување со заштитата на крупните цицачи. Мечките се извонредни качувачи, особено во младата возраст кога дрвјата им служат како засолниште и место за набљудување.
Безбедност и мониторинг
Нашите ренџери постојано ја следат состојбата на терен. Иако глетката е фасцинантна, потсетуваме дека мечките се диви животни и доколку забележите ваква појава во природата, најдобро е да останете смирени и да се оддалечите без да го вознемирувате животното.
Присуството на млади единки е показател дека популацијата на кафеавата мечка на Пелистер е стабилна и во постојан пораст.