Како дел од годишната програма за заштита на природата, ЈУНП Пелистер спроведува редовен мониторинг на најзначајните и ретки растителни видови. Овој процес е клучен за следење на состојбата на ендемите кои се заштитен знак на нашата планина.
Оваа сезона, фокусот на мониторингот е ставен на следните клучни видови:
- Alchemila peristerica (Пелистерска небесна роса) – локален ендемит кој го носи името на нашиот парк.
- Lilium albanicum (Албански крин) – еден од најубавите и највпечатливите цветови на високогорските пасишта.
- Gentiana punctata (Точкеста линцура) – редок вид со специфични лековити својства кој бара посебен режим на заштита.
Преку теренските посети, нашите стручни тимови ја евидентираат нивната распространетост и виталност, со цел долгорочно зачувување на овој исклучителен биодиверзитет.