Направи Резервација
Пополнете ги следните информации за вашето следно искуство на Пелистер. Загарантирана безбедност и незаборавна авантура.
Ова е една од најдобрите, најатрактивните и најагресивните даунхил (downhill) патеки на Балканот. Изградена е во 2008 година од страна на „Екстрим Бајк Тим Битола“ и е од големо спортско значење, бидејќи досега била домаќин на 14 балкански натпревари во оваа дисциплина.
Стартна точка и логистика: Патеката започнува од месноста Копанки, на 1,639 метри надморска височина. Голема предност е што транспортот на велосипедистите до стартот се одвива лесно и брзо преку двоседната ски-жичара.
Карактеристики на теренот: Трасата се протега низ густа борова (моликова) шума. Теренот е високо технички и бара максимална концентрација – исполнет е со испреплетени корења, каменести предели, големи скокови, бавни технички секции, специјално изработени дрвени кривини (berms) и исклучително стрмни надолнини.
Завршна ареа: По интензивното спуштање кое во просек трае околу 3 минути, патеката завршува кај почетната станица на ски-жичарата (на 1,440 метри), овозможувајќи брз пристап за повторно качување.