Направи Резервација
Пополнете ги следните информации за вашето следно искуство на Пелистер. Загарантирана безбедност и незаборавна авантура.
Најпознатиот планински центар на 1.600 метри, кој нуди кристално чист воздух и директна врска со високите планински врвови. Достапен е преку жичара или пешачење, што го прави омилено место за рекреација во сите годишни времиња.
Копанки претставуваат една од најразвиените и најпосетени излетнички локации во Националниот парк. Сместени се на надморска височина од околу 1.600 метри и се познати по густата моликова шума која обезбедува сенка и свеж планински воздух во текот на целата година.
Локацијата располага со клупи, маси и делумно уредени простори за одмор, а околината е одлична за пешачење и активности на отворено. Копанки е погодна дестинација за семејства и организирани групи, а во зимскиот период нуди и одлични можности за зимска рекреација.