Копанки

Пелистер, Баба Планина
Тип на зона: Планинска излетничка зона на 1,600 м.н.в.
Инфраструктура Клупи, маси и простори за одмор
Пристапност: Среднa (пешачење или жичара)
Погодност: За планинари, туристи и зимска рекреација
Краток опис

Најпознатиот планински центар на 1.600 метри, кој нуди кристално чист воздух и директна врска со високите планински врвови. Достапен е преку жичара или пешачење, што го прави омилено место за рекреација во сите годишни времиња.

Детален опис

Копанки претставуваат една од најразвиените и најпосетени излетнички локации во Националниот парк. Сместени се на надморска височина од околу 1.600 метри и се познати по густата моликова шума која обезбедува сенка и свеж планински воздух во текот на целата година.

Локацијата располага со клупи, маси и делумно уредени простори за одмор, а околината е одлична за пешачење и активности на отворено. Копанки е погодна дестинација за семејства и организирани групи, а во зимскиот период нуди и одлични можности за зимска рекреација.

Направи Резервација

Пополнете ги следните информации за вашето следно искуство на Пелистер.  Загарантирана безбедност и незаборавна авантура.

Направи Резервација

Пополнете ги следните информации за вашето следно искуство на Пелистер.  Загарантирана безбедност и незаборавна авантура.

Изберете планинарски водич

Пополнете го формуларот и нашиот тим ќе ве поврзе со идеалниот водич за вашето искуство на Пелистер.  Загарантирана безбедност и незаборавна авантура.