Новости - Вести

Битката за Пелистер е добиена: Успешно изгаснат еден од најкомплексните пожари оваа сезона

После 72 часа непрекината активност на терен и три непроспиени ноќи на линијата на огнот, битката за спасување на Националниот парк Пелистер е успешно завршена.

Пожарот, кој зафати висококвалитетна шума во која доминираат црн и бел бор, претставуваше еден од најкомплексните и најопасните пожари на отворен простор оваа сезона во Македонија.

Совршена координација и поддршка на терен

И покрај изразено неповолните временски услови и непристапниот планински терен, акцијата заврши со успех благодарение на перфектната координација помеѓу сите вклучени институции, противпожарни единици, воздухопловни сили и доброволци.

Целокупната логистичка поддршка и координација беа обезбедени во соработка со Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

Во гаснењето на огнот учествуваа:

  • Парковски и противпожарни единици: Вработените во ЈУНП Пелистер, ТППЕ Битола, ТППЕ Ресен, ТППЕ Кавадарци, ТППЕ Неготино, ТППЕ Ранковце и ППЕ РЕК Битола.
  • Доброволни друштва и јавни претпријатија: ДПД „Архангел“, ДПД Кочани, ДПД Валандово, Огнените сили на ДЗС, ЈП „Национални шуми“, како и механизација од јавните претпријатија на Општина Битола, Општина Ресен и ЈП „Стрежево“.
  • Поддршка од воздух: Хеликоптерите на Воздухопловниот ВИНГ на Армијата (АРМ) и ер-тракторите на ДЗС.
  • Приватен сектор и граѓани: Голем број приватни стопанственици и доброволци кои несебично помагаа на терен.

Издржливост во екстремни услови

Координирањето на копнените единици, тешката механизација и воздушните единици на релативно мал и карпест простор претставуваше исклучително сериозен оперативен предизвик. Многумина од учесниците во акцијата останаа на линијата на огнот и повеќе од 48 часа без прекин.

ЈУ Национален парк Пелистер упатува огромна и искрена благодарност до сите институции, противпожарни тимови, доброволци и граѓани од целата држава кои несебично се вложија во одбраната на природното богатство на Баба Планина.

Слични објави

Направи Резервација

Пополнете ги следните информации за вашето следно искуство на Пелистер.  Загарантирана безбедност и незаборавна авантура.

Изберете планинарски водич

Пополнете го формуларот и нашиот тим ќе ве поврзе со идеалниот водич за вашето искуство на Пелистер.  Загарантирана безбедност и незаборавна авантура.