Forest Apartments

Битола
Краток опис
Forest Apartments Bitola нуди удобно и модерно сместување во мирен урбан дел на Битола, на само 90 метри од подножјето на Пелистер од каде што започнуваат планински патеки кои водат кон подпелистерските села Лавци и Брусник. Од овие села продолжуваат повеќе обележани рути кон врвот Неолица, селото Дихово, Ниже Поле, па сè до највисокиот врв на Пелистер. Ова ја прави локацијата идеална за љубителите на природата, планинарењето и активниот одмор.
 
Локацијата нуди совршен баланс помеѓу урбан мир и близина до природата, со лесен пристап до планински прошетки и рекреација.
 
Сместувањето располага со еден апартман и две студија, секоја со сопствено купатило, тераса, клима уред и телевизор со рамен екран и тераса.  На гостите им се на располагање бесплатен Wi-Fi и приватен паркинг, простор за скара и дружба.
 
Апартманот содржи спална соба, дневен престој, тераса како и комплетно функционална кујна, вклучувајќи рерна, фрижидер и сите потребни елементи за приготвување храна. 
 
Секое студио има сопствен мини кујнски агол (tea station), фрижидер и мијалник, обезбедувајќи дополнителна удобност и приватност.
 
Дополнителна предност е што трите сместувачки единици можат да се изнајмат како еден целосен апартман, со капацитет од 8 до 10 гости, што го прави идеален избор за поголеми групи, семејства или пријатели кои сакаат заеднички престој во пријатна и функционална средина.

Локација

Направи резервација

Изберете сместување кое најмногу одговара на вашите потреби и планирајте го вашиот престој на Пелистер. За повеќе информации, достапност и цени, посетете ја нивната страна.

Направи Резервација

Пополнете ги следните информации за вашето следно искуство на Пелистер.  Загарантирана безбедност и незаборавна авантура.

Направи Резервација

Пополнете ги следните информации за вашето следно искуство на Пелистер.  Загарантирана безбедност и незаборавна авантура.

Изберете планинарски водич

Пополнете го формуларот и нашиот тим ќе ве поврзе со идеалниот водич за вашето искуство на Пелистер.  Загарантирана безбедност и незаборавна авантура.