Инфо Центар – Врв Пелистер преку „Болници“

Пелистер, Баба Планина
Должина: ↔ 19.7 км
Времетраење: 7:55 часа
Висинска разлика: + 1,242 м
Највисока точка: 2,601 м
Тежина: Т2 - Средна
Сезона: Мај - Ноември
Краток опис

Специфична високопланинска рута која бара добра физичка подготвеност. Покрај искачувањето на највисоката точка, патеката минува низ значајни историски локалитети кои датираат од периодот на Првата светска војна.

Детален опис на патека

Шумски појас и пристап: Патеката започнува од Инфо центарот (1,360 м). Првите 40 минути се движат по макадам, по што трасата навлегува во моликова шума, искачувајќи се кон границата на шумскиот појас (околу 2,100 м).

Локалитет „Болници“ (2,200 м): На оваа височина патеката поминува низ локацијата каде функционирале воени полски болници за време на Првата светска војна. Теренот тука е релативно рамен пред финалниот успон.

Алпски појас и гребен: По напуштањето на локалитетот, движењето продолжува по тесен гребен прекриен со карактеристичен пелистерски камењар. Трасата делумно ги следи старите воени патишта изградени во карпите.

Врв Пелистер (2,601 м) и опции за враќање: На самиот врв се наоѓа радио-дифузна антена и нуди видливост кон Преспанското Езеро, масивите Кораб и Шара. Спуштањето може да се изведе по истата траса или преку алтернативна кружна варијанта кон Ловечката куќа.

Достапен извор на вода: На патеката се достапни неколку извори со планинска вода.

Превземете GPX фајл

Линк до GPX

Дигитален преглед на патека


Резервирајте водич и започнете ја вашата авантура на Пелистер

Изберете сертифициран водич кој најмногу одговара на вашите планови, без разлика дали станува збор за рекреативна прошетка, едукативна тура или планинарски предизвик. Нашите водичи ќе се погрижат за вашата безбедност, организацијата и целокупното доживување. Резервирајте термин и направете го првиот чекор кон незаборавна авантура на Пелистер.

Направи Резервација

Пополнете ги следните информации за вашето следно искуство на Пелистер.  Загарантирана безбедност и незаборавна авантура.

Направи Резервација

Пополнете ги следните информации за вашето следно искуство на Пелистер.  Загарантирана безбедност и незаборавна авантура.

Изберете планинарски водич

Пополнете го формуларот и нашиот тим ќе ве поврзе со идеалниот водич за вашето искуство на Пелистер.  Загарантирана безбедност и незаборавна авантура.