Хотел Молика – Јоргов Камен – Црвени стени

Пелистер, Баба Планина
Должина: ↔ 10.7 км
Времетраење: 4:05 часа
Висинска разлика: + 380 м
Највисока точка: 1,800 м
Тежина: Т1 - Умерена
Сезона: Април – Ноември
Краток опис

Патеката претставува класична планинарска рута која се движи низ автохтониот шумски појас на петтоигличниот бор – Молика. Се карактеризира со умерена висинска разлика и нуди директен пристап до специфичните геолошки форми на Баба Планина.

Детален опис на патека

Првичен сегмент и искачување: Патеката започнува од Хотел Молика (1,420 м) со континуирано искачување во траење од околу 30 минути до планинарскиот дом Копанки (1,630 м). Овој потег се одвива низ густа борова шума со јасно изразена земјена подлога.

Јоргов Камен и панорамски точки: Од домот Копанки, наклонот се намалува. Патеката води кон видиковецот Јоргов Камен (1,747 м), каде шумата се разретчува и овозможува јасна видливост кон Пелагониската котлина и градот Битола.

Геолошки карактеристики (Камени реки): Долж рутата се поминува покрај т.н. „камени реки“ (морени). Ова се маркантни акумулации на гранитни блокови формирани преку глацијални процеси, кои претставуваат еден од најважните природни феномени во паркот.

Завршна точка – Црвени Стени: Дестинацијата Црвени Стени се наоѓа на 1,800 м надморска височина. Локацијата е препознатлива по изразените карпести формации.

Достапен извор на вода: На Јоргов Камен достпна е чешма со планинска вода, која е активна во поголемот дел од годината.

Превземете GPX фајл

Линк до GPX

Дигитален преглед на патека

 

Резервирајте водич и започнете ја вашата авантура на Пелистер

Изберете сертифициран водич кој најмногу одговара на вашите планови, без разлика дали станува збор за рекреативна прошетка, едукативна тура или планинарски предизвик. Нашите водичи ќе се погрижат за вашата безбедност, организацијата и целокупното доживување. Резервирајте термин и направете го првиот чекор кон незаборавна авантура на Пелистер.

Направи Резервација

Пополнете ги следните информации за вашето следно искуство на Пелистер.  Загарантирана безбедност и незаборавна авантура.

Направи Резервација

Пополнете ги следните информации за вашето следно искуство на Пелистер.  Загарантирана безбедност и незаборавна авантура.

Изберете планинарски водич

Пополнете го формуларот и нашиот тим ќе ве поврзе со идеалниот водич за вашето искуство на Пелистер.  Загарантирана безбедност и незаборавна авантура.