Направи Резервација
Пополнете ги следните информации за вашето следно искуство на Пелистер. Загарантирана безбедност и незаборавна авантура.
Едукативна и рекреативна патека со минимален наклон, специјално уредена за деца, семејства и училишни групи. Фокусот е ставен на безбедноста и директната едукација за биодиверзитетот на паркот.
Пристапни точки: Рутата е двонасочна. Може да започне од локалитетот „Голема Ливада“ кон детското одморалиште со многу благ успон, или во обратна насока за полесно движење надолу.
Едукативна инфраструктура: Долж целиот потег поставени се информативни табли кои содржат податоци за флората (специфично за борот Молика), фауната и екологијата на планината, прилагодени за помлада публика.
Подлога и безбедност: Од вкупно 5.2 км, 4.9 км се одвиваат по јасно трасирана, широка и уредена пешачка патека низ густа шума, што обезбедува сенка и целосна безбедност од стрмнини.
Локалитет Голема Ливада и Инфо центар: Голема Ливада служи како главна точка за одмор, опремена со маси,клупи и простор за пикник. Патеката физички се поврзува со Инфо центарот на НП Пелистер, овозможувајќи пристап до главните административни и едукативни ресурси.
Достапен извор на вода: На патеката е достапна една чешма, но водата не е соодветна за конзумирање.