Направи Резервација
Пополнете ги следните информации за вашето следно искуство на Пелистер. Загарантирана безбедност и незаборавна авантура.
Оваа линеарна патека (качување и слегување по иста траса), локално позната како патека по „Дебел рид“, води од викенд-населбата Ниже Поле до глацијалното Големо Езеро, со опција за продолжување до врвот Ветерница.
Почеток и шумски појас: Патеката започнува од викенд-населбата Ниже Поле (1,156 м). Првиот сегмент од трасата се движи низ дабова шума сè до надморска височина од околу 1,500 метри.
Високогорски пасишта и кратенки: По излегувањето од шумскиот појас, вегетацијата се менува и теренот преминува во отворен простор со планински пасишта. Долж трасата постојат повеќе кратенки кои континуирано се одвојуваат и повторно се спојуваат со главната маркирана патека. Најголемиот дел од рутата е земјена планинска патека.
Големо Езеро и планинарски дом: Патеката води директно до брегот на Големото Езеро (2,218 м). На самата локација е сместен планинарскиот дом „Димитар Илиевски – Мурато“, кој е отворен за посетители за време на викендите во периодот од мај до октомври.
Врв Ветерница (2,416 м): Од езерото, рутата продолжува до врвот Ветерница. Овој врв овозможува јасна видливост кон самото Големо Езеро, врвот Пелистер, Преспанското Езеро, како и кон планинските масиви во Грција, Албанија и поширокиот регион на Македонија.
Достапен извор на вода: На оваа патека достпни се повеќе чешми со планинска вода.