Направи Резервација
Пополнете ги следните информации за вашето следно искуство на Пелистер. Загарантирана безбедност и незаборавна авантура.
Ова е најтехничката и најпредизвикувачката патека за искачување на врвот Пелистер. Се движи по главниот гребен преку трите врвови и вклучува преминување преку експонирани камени блокови.
Шумски појас и пристап: Патеката започнува од Инфо центарот (1,360 м). Првите 40 минути се движат по макадам, по што трасата навлегува во моликова шума, искачувајќи се кон границата на шумскиот појас (околу 2,100 м).
Локалитет „Болници“ (2,200 м): На оваа височина патеката поминува низ локацијата каде функционирале воени полски болници за време на Првата светска војна. Теренот тука е релативно рамен пред финалниот успон.
Алпски појас и гребен: По напуштањето на локалитетот, движењето продолжува по тесен гребен прекриен со карактеристичен пелистерски камењар. Трасата делумно ги следи старите воени патишта изградени во карпите.
Врв Пелистер (2,601 м) и опции за враќање: На самиот врв се наоѓа радио-дифузна антена и нуди видливост кон Преспанското Езеро, масивите Кораб и Шара. Спуштањето може да се изведе по истата траса или преку алтернативна кружна варијанта кон Ловечката куќа.